Моќта на ”to do” листата!

Често пати се жалиме дека немаме време да ги завршиме и најосновните работни обврски а камоли пак да ни остане време за себе , за нашето хоби или квалитно време поминато со семејството или пријателите. Дали е тоа навистина така, или пак, само не сме доволно организирани? Повеќето луѓе кога си го поставуваат ова прашање и искрено ќе го одговорат, многу често сфаќаат дека всушност , проблемот лежи во недоволната организираност. Овде може да помогне ”to do” листата, односно список на сите работи што треба да се завршат. Доколку стекнеме навика на хартија или во телефонот да ги бележиme сите работи кои чекаат да бидат завршени и нашата потсвест ќе биде порастеретена.

Како да ја направиме to do листата ?

Запишуваме се што ќе ни дојде на памет а што треба да го завршиме, а потоа селектираме дали е итно или не е, колкав е приоритетот на секоја работа ,па така временски ги распоредуваме. Приоритетните и неодложни работи ги ставаме први на списокот,а останатите ги подредуваме надолу во зависност до кој ден од неделата имаме рок или пак до колку часот во текот на денот.

Кога се чувствуваме пренатрупано со обврски, убаво е да се запрашаме дали може на некој да ги делегираме задачите. Ако пак станува збор за домашни обврски да не се чувствуваме незгодно да побараме помош од некого од семејството.

Можеби звучи едноставно, но оваа навидум незначајна навика да запишуваме се што треба да завршиме, да го селектираме според приоритет, итно/неитно, и временски да го распоредиме , е многу моќна алатка за подобро и поефективно организирање на нашето време. Плус, на тој начин се ослободуваме и од постојаниот притисок дека нешто ќе заборавиме да завршиме, бидејќи списокот е пред нас и лесно може да се ориентираме.

Креирањето на листата со обврски, ќе ни овозможи подобар фокус, полесно планирање на секојдневните обврски, утврдување на приоритетите, фокус на конкретните активности, дефинирање на целите, менаџирање со времето и справување со рокови.

Па , да го зграпчиме денот, неделата…едноставно животот!

Убава работна недела на сите!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *