И јас сум една од оние девојки кои мака мачат со густината на косата, иако последниве години користењето на соодветен шампон и внесувањето на витамини многу ми помогна во овој поглед, сепак открив и неколку трикови кои визуелно го зголемуваат волуменот на косата.

1.Венче за коса со малку поголема дебелина од стандардните,(всушност овој додаток за коса во различни дезени и бои е и многу тренди последниве неколку сезони) . Обично сакаме задниот дел од косата да ни биде повеќе подигнат па со малку подобело венче се постигнува овој ефект.

Можете мал дел од косата , само две праменчиња да пуштите напред,како на сликава подолу.

2.Наместо венче , може да искористите и марама во омилената боја или дезен.

Марамата може да ја искористите да додадете волумен на репчето како на сликите подолу:



Или да направите вашата пунџа да изгледа поголема, само омотајте ја марамата околу неа и ќе го постифнете тоа, како на следната слика.

Освен за секојдневен кежуал излгед или за вечерни излегувања, венчето може да биде и преубав детаљ кој може да го носиме и на свеченост (иако периодов послабо ги има) но овој изглед е пресладок и не можев да го прескокнам.

Всушност, заклучив дека со користење на аксесоари за коса како марами, венчиња, стегачи (scrunchies) целокупниот изглед на нашата коса добива поволуменозен изглед. А боите и материјалот на аксесоарите може да го изберете според сезоната.
2.Потоа, вториот тип на фризура која го има ваквиот ефект е пола коса соберена во репче. И овде, пак, соберената коса визуелно дава волумен на задниот дел од косата. Само неколку идеи како би изгледало, ѕирнете на следниве слики.


3. Секогаш кога имате прилика поиграјте си со вашиот изглед и носете капи, од фамозните баретки до спортските капи се ни оди во прилог.



Имате ли вие некои идеи за фризури за стилизирање на тенката ретка коса? Би сакале да ги прочитаме вашите идеи и искуства.