Неколку лекции од Емили во Париз!

Многумина се оние кои сите епизоди од оваа Нетфликс серија ги изгледаа во еден здив, задржува внимание и е лесна за следење. Емили е преубава Американка која оди на работна задача во Париз,не го познава јазикот и на почетокот доживува многу непријатности. Зависничка од работа во компанија каде сите ”работат за да живеат” а не ”живеат за да работат” , во сосема друга средина и култура во првите епизоди наликува на Алиса во земјата на чудата.

Додека јавноста е поделена со мислењата околу оваа хит серија, едни нагодуваат за стереотипниот начин на кој се прикажани Французите, други даваат отценки за стајлинзите на хероините во неа, овде пак ,ќе споделиме неколку работи на кои улогата на Емили во Париз може да нè научи. Иако е сепак ”само филм”. 😉

  1. Истрајност и упорност. Иако соочена со непријателски настроени колеги на работното место, таа не се обесхрабрува во реализирањето на своите работни цели, па дури и повеќето од нејзините идеи се реализираа со доста голем успех. Ќе кажете, тоа е само филм, но ние би рекла да извлечеме наравоучение, а тоа би било да не дозволиме негативните и зајадливи коментари од околината да влијаат на нас и да не спречат да се обидеме да ги оствариме нашите цели и соништа.

2.Снаодливост и способност за адаптација. Ниту една ситуација што ќе тргне на лошо , не значи дека треба и лошо да заврши , секогаш може да настане пресврт на наша страна, потребно е само да погледнеме од друг агол и да видиме како е можно тоа. Се сеќавате на сцената кога датата на резервацијата за вечера во познатиот ресторант каде се чека со месеци наназад беше погрешна па во последен момент Емили ја однесе екипата во ресторанот на Габриел и си поминаа фантастично?Така, убаво е да од време на време да се присетиме дека кога една врата се затвора друга се отвора, и ако нешто убаво се расипе тогаш нешто уште поубаво може да се роди.😊😊

3. И трето, учете странски јазици , не знаете кога ќе ви затребаат, може да ви ја отворат вратата кон нова професионална можност или пак нова љубов. 🥰 Никогаш не се знае.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *