Categories
Животен стил Инспирација и Мотивација Магазин

Зошто е важно да си одвоиме време за себе?

Зошто е важно времето посветено на себе?

Има една многу убава изрека ”You can’t pour out of an empty glass” или ,,Од празна чаша не се сипе”. Ја сфаќаме метафората нели ? Ако не се грижиме за нашата благосостојба , тогаш како ќе бидеме во можност да им помогнеме и да им се најдеме и на нашите најблиски?Од суштинска важност за секоја личност е да си посвети време во денот резервирано за правење на нешто што и причинува задоволство.

Фото: Pinterest

Едноставните нешта како половина час седење во тишина, еден час пешачење, вежбање во теретана, купка во кадата, чаша вино или шољја какао, читање на нова книга или списание, една епизода од омилената серија, или филм , не е важно , се додека е нешто што вистински душевно ве исполнува. Танц, слушање музика или водење дневник, прошетка во природа…сите овие нешта ни помагаат да дојдеме во хармонија со самите себе, да го слушнеме својот внатрешен глас и да водиме побалансиран живот. А така, ќе бидеме поенергични за ефективно вршење на своите обврски.

фото:Unsplash

Затоа, да се обидеме оние мали а големи нешта кои ни будат среќа и задоволство да ни станат секојдневни ритуали. И не, ова не е себично од наша страна, туку напротив, кога се чувствуваме среќно и исполнето, тогаш и работите полесно ни одат од рака и имаме и поголема сила и поттик да им се посветиме и на другите околу нас.

Имате ли вие веќе такви мали а сепак моќни ритуали кои ви ги полнат батериите ? Споделете со нас . 💕🌹🌹🌹💕

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *