Драги наши позитивци,
Денеска во рубриката Животен стил ни гостува преслатката Ива Крстевска Бакулев. А верувајте, уште послатки се нејзините специјалитети.

Нејзиниот блог Iva’s kitchen and travel diaries е воодушевувачко интернет катче од кое може да црпите инспирација и идеи за вашите секојдневни мениа.
Ива, добредојде на Магазин Инспиратифф!
Добро ве најдов и ви благодарам уште еднаш за поканата, навистина ми е чест.
Најпрво, би можела ли да ни кажеш кој или што ти беше инспирација да започнеш со блогирање на тема храна и рецепти?
Уште како мала, трпезата постојано ни се зголемуваше, мајка ми постојано спремаше храна и имавме голем број на гости а јас сакав да и помагам во кујна. Се чувствував исполнето во целиот тој процес и крајниот резултат ми будеше многу позитивни емоции, особено декорацијата на трпезата. Секогаш приготвував храна без рецепт, во текот на правењето додавав, одземав состојки и крајниот резултат ќе ме воодушевеше и секогаш добивав пофални зборови. Процесот со сопствен блог започна после славниот рецепт за бурито откако започнаа да ме следат голем број на љубитељи на готвењето, снимав на стори како готвам и споделував рецепти и така постепено се зголемуваше мојата инста фамилија.

На твојот блог а и на инстаграм профилот гледаме прекрасни рецепти, имаш ли некоја омилена кујна од која земаш инспирација?
Самиот инстаграм е инcпирација а воедно и инста пријателите кои секојдневни ми праќаат интересни предлог идеи за секакви прослави, имендени и слично. Се обидувам да припремам јадења спрема тоа што го барааат но се трудам и да ги усогласам рецептите зависно од тоа во кој период од годината се наоѓаме, често и ги изменувам постоечките рецепти и секогаш излегува нешто ново уште повкусно. Најголема инспирација ми е CZNBurak човекот е феноменален!!!
Имаш ли омилени состојки и кои се тие?
Даа и тоа многу, не би можела да се одлучам искрено… Но ајде, ете кога би морала да бирам, тоа би биле рендана кора од портокал, кари, шафран и мед.
Без што не би можела да ја замислиш твојата кујна?
Без мене… хаха шала на страна 😊😊 Немам некој предмет со кој сум поврзана и да не можам без него, најважно ми е сопругот да е тука за да проба и да каже отценка.
Ти се случило ли некогаш некој твој нов рецепт да не излезе како што си очекувала, и што правиш во таков случај?
Да, се случува, но не често. Во таков случај го преправам рецептот т.е. додавам нешто за да не пропадне целиот труд во вода и на крај излегува уште подобар од очекуваното.
Твоето инстаграм семејство брои над 18000 следачи, колку нивниот фидбек на твоите содржини игра улога во изборот и подготовката на новите содржини?
Како што објаснив и претходно, секојдневно добивам предлог рецепти и често знам да прашам на аск што сакаат и предлогот со најголем број на гласови е тој што следен го правам. Фидбекот има голема улога,ја ценам секоја критика но и пофалба упатена до мене. Сепак, споделувам рецепти за сечиј вкус.

Секогаш имаш многу интересни работи да споделиш со твоите следачи, дали можеби некогаш ти доаѓа напорно да постигнеш се?
Да, бидејќи и покрај рецептите што ги споделувам, често знам да дискутирам на некоја тема, да произнесам свое мислење за одреден производ, позитивна или негативна критика, без разлика дали станува за прехранбен производ или не. Случки од секојдневието, предлози за патување, споделувања на искуства и се тоа комбинирано да се направи некој редослед на инстаграм е доста комплицирано и не е лесно, иако многу мислат дека само сликаш и ставаш пост, но далеку од тоа, зад тоа има долг процес. Кога ќе видам дека сум влијаела врз одредени лица позитивно и сум им помогнала, таа среќа нема цена.

За крај, ако би требало да издвоиш само еден од твоите рецепти, за подготовка на некоја навистина специјална вечера, кој би бил тој?
Хмм…Добро црвено вино би го комбинирала со Топен чедар со крцкава сланина и младо кромидче!
Рецепт: Во сад се ставаат следните состојки: 220 гр крем сирење + кисела павлака 400 гр + рендан чедар 200 гр + млад кромид 3 парчиња + неколку парчиња пржена сланина на коцки (јас ставив пршута, но поубаво е со сланина) Се се меша и на крај се ренда чедар и се става да се пече 20мин на 180° Кога ќе е готово се сече лута пиперка над него Кога ќе го пробате ќе го замените класичното топено сирење 🍭 Како додаток испечете лебчиња, двопек, јас испеков лебчиња намачкани со путер од лук (макало) и ги секов на триаголници.

Ива, ти благодарам за одвоеното време. Задоволство е што те имавме на Магазин Инспиратифф. А вие, драги инспиратифци ако сеуште не сте го посетиле блогот на Ива повелете овде Iva’s kitchen and travel diaries – Welcome to my enchanted kitchen ! (mozello.com) и нејзиниот инстаграм профил @krstevskaiva
А наскоро очекувајте го и нејзиниот рецепт за екслузивни новогодишни колачиња💕😋😋😋🍪🍪🍪 💖
