Почитувани Инспиратиффци, нам ни тргна со десертите😊😁
Овој пат Ива го сподели со нас нејзиниот рецепт за најбрзите колачиња на цел свет. 😊
Во прилог начинот на подготовка:
Се прават за 15тина минути . Толку се вкусни што ќе зажалите ако не ги направите
Состојки: 185 гр путер несолен( на собна темп 3-4 часа), 2 лажици густин , 2 јајца, 1 пециво , 1 ванилин шеќер, 2 пудинзи од ванила, 2 шољи брашно, 1 лажиче сода бикарбона , 160 гр кафеав шеќер , 60 гр бел шеќер, 1 чоколадо М&М, бомбони Орео ,
Подготовка: Шеќерот се мати со путерот и потоа се се додава само со мешање, чоколадото се крши како и ореото. Со лажица за сладолед се земаат топчиња и се ставаат да се печат на 180° 10- 15 мин.
Ива, ти благодариме што мислиш на нас и секогаш ни помагаш нашата трпеза да изгледа што поубаво.
(Овој линк води до рецептот за највкусните новогодишни колачиња, во случај уште да не сте го погледнале😊 )