
Во светот се празнуваат разноразни празници , се оддава почит на различни светци, се одбележуваат повеќе историски настани, но еден од најинтересните празници е дефинитивно денот на пенисот. Каде се празнува? Во Јапонија. Да, да , добро прочитавте. Јапонија, земјата во која луѓето се познати по својата учтивост и скромност. Секоја година, во април, илјадници луѓе се собираат во Кавасаки (Kawasaki), за да го прослават денот на пенисот.

Се верува дека овој празник влече корени од 17тиот век, кога сексуалните работнички се молеле за заштита од сексуално преносливи болести во храмот Кавасаки Канамара (Kawasaki’s Kanamara shrine) .
Денеска, наводно се одбележува , за да се покрене свеста за безбеден секс и да се соберат средства за кампањата за борба против ХИВ вирусот.
А исто така, дел му даваат и религиозен карактер, напоменувајќи дека на овој ден се кажуваат молитви за плодност.

Откако дознавме дека во Јапонија постои ден кога наголемо му се оддава почит на пенисот, не можеме да престанеме да се прашуваме, а сигурно и вие, дали некаде во светот , постои празник кој го величи женскиот полов орган?
Во прилог фотографии од атмосферата на овој ден.


