Секое дете во себе носи огромен потенцијал, наша задача е да создадеме околина во која тој ќе се развива и ќе го достигне својот максимум. Развојот на децата во голема мера зависи од интеракцијата на природата односно генетиката и грижата која им е пружена, стимулацијата, опкружувањето и учењето. На оваа тема разговараме со Александра Младеновска, храбра и борбена мајка, чија инспиративна приказна ќе не наоружи со многу оптимизам и надеж. Токму Александра стои позади линијата на рачно изработени едукативни играчки за детскиот развој, индивудуално прилагодени за потребите на секое дете–Go Kiddoo.

Александра, добредојде на Магазин Инспиратифф.
Ќе ни кажеш ли како започна приказната на Go kiddoo?
Добро ве најдов. Најпрво, да ви се заблагодарам за отстапениот простор накратко да ви ја раскажам мојата приказна за Go Kiddoo. Како започна? Започна многу спонтано иако основата се темели на мојата лична приказна и искуство во реализацијата како мајка. Горда мајка сум на предвремено родено дете. За мене лично нема поубаво чувство од тоа кога дознав дека ќе станам мајка. Но не секогаш работите се одвиваат како што сакаме или сме замислиле. Така за мене беше моето предвремено породување. Тоа беше навистина еден тежок период за кој му Благодарам на Бога се заврши добро. Благодарна сум на сите пријатели што безрезервно не поддржаа, благодарна и на една, за жал, голема група мајки кои го поминале истиот пат. Искрено бев многу разочарана од сознанието колку е денес тоа честа појава и низ каков трнлив пат поминуваат многу семејства за своето најмило. Кога после долг период ќе си дојдете дома со своето бебе започнува една долга листа на прашања… Што сега, дали моето дете ќе се развива нормално како и терминските бебиња, дали ќе доцни во развојот, кога ќе ги стигне своите врсници, итн.??? Така јас како мајка со многу стравови и прашања почнав да истражувам за растот и развојот кај децата, што треба ние како родители да превземеме, како и на кој начин треба да се стимулира детето уште од најмала возраст. Така постојано и правев разни активности согласно возраста, се трудев преку игра и на креативен начин да учиме, истражуваме, растеме. Сметам дека е важно детето да се стимулира, а секако тоа само ќе ни покаже кога и за што е спремно. Преголемата желба да се работи нешто за најмалите, а најбитните се реализираше во Go Kiddoo.

ЗОШТО “Go Kiddoo”?
Најпрвин, идеата за овие креации потекнува од поимот ,,фина моторика”. По дефиниција истиот се однесува на малите движења на раката, прстите на рацете и нозете, јазикот и ситните мускули на лицето. Пример, вештината на врзување врвки ќе предизвика самодоверба и гордост и ќе го научи вашето дете да си ги врзува чевлите, игрите со прстиња, ќе му овозможи на детето без проблеми да го совлада пишувањето дури некои истражувања покажуваат дека постои силна врска меѓу развиеноста на моториката на раката и прстите со развојот на говорот.
Активното дете кое повеќе оди, трча, скока, се качува и се провлекува, поради развиената груба моторика има побогато спознание за светот и потребни му се зборови со кои ќе го изрази своето искуство, па ќе пронајде и нови. Детето кое се занимава со активности за развој на фината моторика, ќе го доживее светот околу себе и со сетилото за допир, па преку сопственото искуство ќе научи што е тешко, лесно, мало, големо, мазно, меко, рапаво, ладно, топло… Што всушност е поголема интеракцијата на детето со светот кој го опкружува, толку ќе биде поголемо и неговото животно искуство, а со самото тоа и побогат ќе биде речникот со кој детето ќе се изразува и ќе ги дели своите искуства со вас.
1000хЗАТОА

Би можела ли да ни кажеш какво едукативни играчки изработуваш и подетално да ни ја опишеш секоја поединечно.
Бидејќи времето поминато на под, придружено со соодветни актиности е неопходно за правилен раст и развој на децата, приказната ја започнуваме од најмала возраст.
Бебешки и едукативни подлоги
Бебешките подлоги се изработени од 100% памук идеални за уживање и квалитетно поминато време на подот. Содржат и три мекани играчки за стимулација.


Go Kiddoo перниче за тактилна стимулација на малите прстиња од најрана возраст.
Go Kiddoo рачно изработено тактилно перниче за малите прстиња. Учиме и истражуваме бои, текстури, рака-око координација додека се обидуваме да седиме самостојно. Димензии: 30х30 Возраст: 6+ месеци
Фото:Приватна архива на Александра
Едукативните подлоги со активности (може да се прилагодат и за бебиња кои почнуваат да седат и истражуваат, но и за поголем дечиња каде што ќе има активности кои од нив бараат да се решат).
Подлога ИПОЛ за здрава “подлога” во процесот на растење преку спознавање бои, форми, елементи на градација, со допир и движење, од љубопитност до ЕДУКАЦИЈА. Подот никогаш не бил ПОпаметен како со подлогата Go Kiddoo. Активностите може да се прилагодат според возраст и желба
За соба со вкус-Табуретка Go Kiddoo плус
Рачно изработена 6во1 играчка за развој на основните вештини преку врзи/одврзи, закопчај/откопчај, залепи/одлепи, левата да не заостанува зад десната, за познавање на бои и фигури без ниедна грешка во занес од игра до домашна смешка. Згора на сè, згодни сме за седење (димензии 30х30) и убави за гледање. 😊😊😊




Какви беа твоите претходни познавања за психофизичкиот развој на децата?
Не, немав претхдно познавање , по струка сум економист. Желбата да осознавм повеќе се роди истовремено со раѓањето на мојата ќерка. Така почнав да читам, истражувам, комуницирам со стручни лица (прекрасни личности кои случајно ги запознав и кои несебично и во секое време се тука да не советуваат, насочуваат, поддржуваат).

Фото:Приватна архива на Александра

Фото:Приватна архива на Александра
Спомнавме дека едукативните играчки може да се приспособуваат за секое дете индивидуално. Како се одвива тоа, претпоставувам на основниот производ се додава одредени функции за да се постигне точно посакуваната цел, но ете, ако може да ни го доловиш тоа со некој конкретен пример.
Секое дете е индивидуа за себе и секое дете има различен раст и развој. Не сите деца на иста возраст имаат исти достигнувања. Некои деца се понапред и совладуваат вештини кои се запоголема возраст, некои подоцна совладуваа одредени вештини и им треба повеќе стимулација. Најважно е ние како родители да ги следиме децата и да им понудиме соодветни едукативни играчки преку кои низ игра и забава ќе можат да учат и напредуваат.Во консултација со специјалист едукатор и рехабилитатор се дефинирани основните активности и вештини по возраст, но како што кажав бидејќи секое дете има различни интереси, желби активностите ги одредуваме со родителот. Јас сум секогаш достапна за совет, насока, но секако тие најдобро си ги познаваат децата, знаат на што треба повеќе да посветат внимание, што нивните деца сакаат. Така јас имам избор со поединечни активности кои им ги праќам за да одберат, а секако постои можност да се изработи и нешто сосема ново по нивна желба. Сакам кога имам предизвик за нешто ново да се изработи, да се исполни некоја детска желба, да се предизвикаат полно детски насмевки. За тоа и вреди целиот труд и љубов кои се вложени во сите Go Kiddoo изработки.


Фото:Приватна архива на Александра
Вложувањето во напредокот и развојот на најмалите и најмилите е една од најважните инвестиции за родителите. Повратокот не е материјален туку далеку поважен. Нема ништо подрагоцено и поважно од здравиот и правилен развој за едно дете. Не можеме да ја предвидиме иднината на нашите деца, но можеме да ги подготвиме за неа. Едукативните играчки на Александра ни помагаат токму во тоа.
Во прилог, фб страницата на Go Kiddoo и нивниот инстаграм профил @go_kiddoo
Александра, ти благодариме за разговорот , одвоеното време споделеното искуство. Огромно задоволство е да те имаме овде, во нашиот клуб на Инспиратиффци.
До наредното читање, драги наши. 🤗🤗🤗
Разговараше Данче Митева.