Се повеќе припадниците и женската и машката популација обрнуваат внимание на надворешниот изглед а поготово на негата на кожата. Scincare-от стана многу моќна гранка, а се повеќе на цена добиваат производите од природни состојки, кои имаат многу малку или воопшто немаат хемија во нив.
Многу често при рекламирањето на некој козметички производ слушаме дека е направен исклучиво од прирoдни состојки.
Конечно откривме едноставен начин да провериме колку е тоа навистина така, и тоа на еден многу едноставен начин.
Се што е потребно е да ја симнете апликацијата INCI Beauty, која за вас ќе направи детална анализа на составот на производот.
Откако ќе се логирате, имате опција да го пребарате производот по име или да го скенирате неговиот баркод, доколку го има во ниваната база, веднаш се појавува анализата на состојките кои се природни а кои не, и производот се рангира на скала од 0 до 20.
Доколку производот го нема во базата на податоци, можете да го сликате и плус да го сликате и делот со состојките, ги прикачувате и двете слики, и за ден два ја имате анализата на производот.
Уште поубаво е што има опција да ги видите коментарите на луѓе кои веќе го имаат користено вашиот посакуван производ.
Испробајте ја апликацијава и заблагодарете ни се подоцна 😊💖