23ти Ноември-денот на природната козметика

Што е природна односно органска козметика?

Природната козметика е направена од суровини добиени од природата, како што се растенија и минерали и од обновливи природни извори. Суровините минуваат низ најмалку процеси на преработка, а методите на преработка имаат најмало влијание врз луѓето, животните и земјата.

Природните козметички производи содржат висок процент на природни состојки од растително, животинско или минерално потекло. Тие максимално ја ограничуваат употребата на синтетички состојки, особено оние од петрохемиската индустрија. Органската козметика оди чекор понатаму, со формули кои користат природни производи од органско земјоделство.

Зошто голем дел од луѓето претпочитаат природна козметика?

Влијанието врз здравјето е главниот аргумент за избор на органски козметички состојки. Кремите, серумите, производите за нега на кожата, лосиони, козметичките производи и шминката продираат во кожата и можат да преминат и во телото. Со избирање на козметички производи со органска ознака, потрошувачите сакаат да избегнат апсорпција на петрохемикалии, кои можеби ги перцепираат како контроверзни, иритирачки, алергени, штетни или канцерогени. Во реалноста, изборот на козметички производ направен со органски произведени состојки се сведува на многу повеќе од избегнување на супстанции кои предизвикуваат сомневања.

Бенефити од користење на природна и органска козметика

Се избегнуваат токсичните состојки.

Добро ја потхрануваа и негува кожата.

Ги намалува шансите за алергиска реакција.

Датира уште од антички времиња.

Имено старите грци мешале бобинки и млеко во пасти за лице, правеле пилинг со маслинки и нанесувале сочен мед на кожата. Древните Египќани се негувале со моринга, сусам, соли и глина. Во средниот век, средствата за чистење вклучувале алое вера, краставица и рузмарин. Животинските масла, оцетот и хербалните лекови претставувале вообичаена природна нега на кожата.

Поддржувачите на природната козметика тврдат дека со природните производи за нега на кожата, ќе почувствувате помалку сувост, перутење, помазна текстура и поздрав сјај. Овие производи се преполни со хранливи материи што не може да се имитираат со користење на хемикалии и вештачка синтетика.

Тестирањето на животни не е вклучено и вегетаријанците можат да одлучат да изберат само производи од растителна основа.

Еден од главните аргументи за користење на природната козметика е дека можеби резултатите пристигнуваат малку покасно но се задржуваат подолго.

Со која апликација може да го проверите составот на козметичките производи кои ги користите, проверете овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *