Кога станува збор за нега на кожата буквално има неколку заповеди од библијата за убава кожа кои треба да ги почитуваме 😊
Денес ви споделуваме кој тип на производи прават чудо за кожата и за која цел поточно можат да би помогнат со цел да ја подобрите состојбата на вашата кожа.

Една напомена уште на самиот старт: Не претерувајте со тестирање и користење на премногу производи одеднаш, најубаво е постепено вметнување на секој нов производ, откако кожата ќе се адаптира на една активна состојка, по потреба може да вметнете и други.
Хијалуронска киселина-ова е всушност состојка која ја има природно во нашата кожа, но со текот на годините нејзиното количество се намалува. Можеме да се обидеме со нанесување на серуми или креми кои содржат хијалуронска киселина со што ќе се обезбеди поголема хидратација на кожата и поголем волумен.
Како Функционира и како се користи хијалуронската киселина?
Таа ја задржува водата во кожата, и не дозволува да се изгуби влажноста. Важно при нанесувањето на хијалуронските серуми е да да ги нанесуваме на влажна кожа, веднаш по миењето на лицето, а на не целосно сува кожа. Козметолозите советуваат дека и кремот што ќе го нанесеме потоа треба во себе да содржи хијалуронска киселина или состојка наречена керамиди (церамиди) или пак алое вера.
Ова е така бидејќи ако не го покриеме серумот со соодветна крема, хијалуронскиот серум нема да привлече повеќе вода во клетките туку ќе ја пресуши и таа што веќе ја има.
Витамин Ц
Витаминот Ц се користи за осветлување на кожата и постигнување на сјаен изглед. Се вметнува во рутината како еден од главните борци против хиперпигментацијата, но исто така и помага во синтезата на колаген.
Ретинол или Витамин А
Ретинолот ја забрзува обновата на мртвите клетки од површинскиот слој на кожата. Се препорачува почетниците да почнат да вметнуваат најпрво послаб ретинол, па постепено да преминат на ретинол со повисока концентрација. При користење на ретинолот можно е кожата да биде посклона кон сушење, затоа потребно е да се обрне поголемо внимание на хидратацијата.
Основно правило при користењето и на витамин Ц и на ретинолот е секогаш да се зашти кожата со СПФ крем за заштита од сончевите зраци.
Кои производи се комбинираат едни со други а кои никако не одат заедно, прочитајте овде.
А ако сакате да дознаете, што вообичаено ставаме наутро, а што оди во вечерната рутина, кликнете овде. 😊