Вештачката интелигенција (ВИ) е револуционерна технологија која има потенцијал да го трансформира начинот на кој малите бизниси, фриленсерите и креативните професионалци работат. Со примена на алатките за ВИ, овие професионалци можат да ја зголемат својата продуктивност, да ги подобрат своите услуги и да ги оптимизираат своите работни процеси. Во овој пост, ќе разгледаме како ВИ алатките можат да помогнат и кои се некои од најкорисните алатки кои ни се достапни.
Кралицата или кралот☺ на алатките за Вештачка Интелигенција – ChatGPT. Се чини дека ова е една од најпознатите и најкористените алатки за Вештачка Интелигенција, која им помага на професионалците од различните сфери.
Креирање на содржини
Една од најчесто користените функции на ChatGPT e генерирањето на текстови. ChatGPT ќе ви генерира текст на скоро секоја тема за која ќе побарате. За текстот да биде на македонски јазик потребно е само вашето барање да биде напишано на македонски јазик, може да се случи да го помеша со некој друг јазик кој исто така има кирилично писмо, но во тој случај под добиениот текст, само потенцираме дека сакаме да биде на македонски јазик.
Кому може да помогне?
Функцијата за генерирање текстови може да им ja олесни работата на content и copy writers, кои пишуваат различни видови содржина, статии или блог постови на одредена тема, или пак опис на производи. ChatGPT може и да помогне со давање на идеи за постови на одредена тема. Сепак, некои текстови звучат доста ,,роботски” односно неприродно, такашто се препорачува сепак да се додаде и ,,човечки допир” на тоа што го пишуваме и да го прилагодиме, но во секој случај ќе добиеме прилично добра основа која може да ја менуваме и прилагодуваме.
Може да биде од помош на бизнисите кои немаат можност за ангажирање на тим задолжен за пишување маркетиншки објави, или сакаат за друго нешто да ги пренаменат тие средства, мали бизниси, или one-man-show како што милуваме да ги наречеме.
Пример како GhatGPT функционира
На пример, се занимавате со изработка на декорации за свадби, би сакале да ја зголемите видливоста на вашите услуги и да подготвите реклама за нив. Отварате ChatGPT и пишувате: Изработувам декорации за свадби, текст за мојата реклама
На ова барање ChatGPT го дава следниот резултат:
Примери за професии и кариери каде може да се користи GhatGPT
Претставниците на невладините организации често имаат потреба од пишување на апликации за предлог-проекти за одредена горлива тема во општеството, и иако точно знаат што сакаат да постигнат и кој е проблемот и како нивниот предлог-проект може да донесе до решение на тој проблем, понекогаш е потребно поопширно да се образложи истото во апликационите формулари а ChatGPT е одличен помошник за тоа.
GhatGPT може да биде многу корисен за наставниците, давајќи идеи и решенија за дизајнирање интересни и корисни активности при обработка на некоја тематска единица.
GhatGPT се користи и од страна програмерите.
За давање на објаснувања за основни и напредни програмски концепти.
Може да наведе примери на код за различни технологии и библиотеки.
ChatGPT може да помогне во ревизија на кодот, нудејќи предлози за подобрување и идентификување на потенцијални проблеми.
На пример: Давање на предлози за подобрување на стилот и структурата на кодот.
Препознавање на потенцијални безбедносни пропусти и други проблеми.
Меѓутоа, тешко дека некој од програмите сѐ уште не е запознаен со оваа алатка или слични на неа, па затоа акцентот го ставаме на другите кариери или мали бизниси кои може да имаат бенефит од алатките за вештачка интелигенција.
Заклучно, потенцираме, дека најдобро е кога ќе ги истражиме и провериме резултатите добиени од GhatGpt, a кога станува збор за генерирање на текстови, да не ги само копираме и пастираме, туку соодветно да ги прилагодиме и да им додадеме ,,човечки допир”.
Дали веќе го користите GhatGPT како помошник во вашата работа или некоја друга ВИ алатка? Пишете ни ги вашите искуства.