Јас знам,
јас сум само една од многуте мали,
ситни суштества кои прават мали чекори.
Одам полека со колебливост,
правам еден чекор напред,
десет назад,
или пак обратно?
Не знам,
пред мене густа магла надвиснала
не ми дава јасно да гледам.
Чувствувам само дека не сум сама.
Јас не сум сама…
Некоја невидлива сила
ставила рака над мојата глава
и упорно чекори со мене.
Како некој патоказ без крај
ме води низ деновите на мојот живот.
Не знам чија е…
Ама, ако, нека биде со мене…
Ќе чекориме заедно…
За авторката:
Митра Дупчинова е родена во с. Будимирци Битола. Има издадено неколку самостојни стихозбирки меѓу кои ,,Кога тишината ќе проговори’’ 2016 год., ,,Душевно вирче’’ 2016 год. ,,Запаметени моменти’’ 2022 год. Учесник во повеќе од 40 антологии и добитник на голем број признанија и награди, добитник на многу награди, признанија и благодарници. Во април, 2024 год. ја промовира својата книга ,,Чекориме’’
Повеќе од истата авторка прочитајте овде.