Новогодишните резолуции ги носиме со цел да стекнеме некоја подобра навика, подобро да се однесуваме, да смениме некоја наша лоша карактеристика, да постигнеме одредена лична односно професионална цел или генерално да го подобриме нашиот живот во текот на новата година. Додуша, залетот нè држи повеќе на почетокот отколку во текот на годината, но важно е дека сè трудиме 😁😊

На крајот на оваа година, кога ќе ги поставуваме нашите цели, без разлика дали тоа ќе биде да вежбаме редовно, да пиеме повеќе вода, да најдеме поубава работа, да стекнеме повеќе пријатели, да започнеме свој бизнис…да имаме на ум дека преку ноќ не може да промениме се, туку милион мали чекори ќе нè доведат до тоа. Конзистентноста и упорноста ќе направи многу повеќе за нас, отколку само брзиот залет на почеток.

Мотивационите говорнице би рекле :
- Започни со правење на еден склек.
- Започни со пиење една чаша вода.
- Започни со читање една страница .
- Започни со правење на една продажба .
- Започни со пешачење еден круг.
- Започни со јадење на еден здрав оброк.
- Започни со присуство на еден настан.
- Започни со пишување на еден параграф.
Без разлика кон што и да се стремиме, малите секојдневни одлуки ќе нè доведат до остварувањето на таа големата, главна одлука или цел. Постепено, чекор по чекор , и таму сме .
Еве уште неколку совети од мотивационите говорници поврзани со новогодишните цели:
- Поставете цел што ве мотивира
- Бидете специфични, на пример: Би сакал/а да го подобрам англискиот јазик.
- Целта нека биде мерлива, на пример: Ќе научам по 10 нови зборови секоја недела.
- Целта нека биде достижна и реална, така, ако одлучиме да учиме 100 зборови неделно, поради немање на време , набргу може да се откажеме, но 10 зборови неделно е достижна и реална цел.
- Целта нека биде релеванта, нешто што ви е навистина важно и поврзано со вашите приоритети.
- Поставете временски рок, на пример ,во наредните 6 месеци да го совладам првото ниво.
- Откако ќе ги запишеме нашите резолуции, препорачливо е да ги прегледуваме еднаш неделно или барем еднаш месечно. Проверка на напредокот на неделно ниво е идеално, како не би заостанале.
- Можеби ќе се случи некоја задача да прескокнеме, или пак резултатите да не бидат сосема исти со очекуваните, но тоа не значи дека не сме успеале. Не сме успеале , само ако се откажеме.
Како што се вели, ниту Рим не бил изграден за еден ден !
Среќна Нова !
Одлично кажано👏👏👏
Благодариме 😊😊😊