Една од најголемите придобивки на интернетoт е што ни нуди пристап до глобалниот пазар на трудот. Денеска постојат многубројни платформи кои огласуваат remote позиции односно онлајн работи кои можеме да ги работиме од било каде. Тоа што ни е потребно е познавање на некоја од бараните дигитални вештини и се разбира, интернет конекција.
Најогласувани се позициите за веб девелопери, програмери/софтверски инженери, графички дизајнери и слично. Понатаму, барани се content/copy writers кои би пишувале содржина на одредена тема, data analysts/data entry лица за обработка на податоци. Помеѓу овие огласи, голем дел има и за позиции од областа на дигиталниот маркетинг.
Тежината на задачите на сите работни позиции е поделена на почетно, средно и највисоко ниво во поглед на потребните познавања и претходно искуство. Исто така, позициите се групирани во зависнот од вашата достапност, full-time, part-time, freelance.
При регистрирање на овие платформи, креирате ваш профил и портфолио со дел од вашата претходна работа. Доколку сте почетник, не се обезхрабрувајте. Може да прикачите задачи кои сте ги сработиле на пракса или волонтерски. Или пак, едноставно подгответе нешто за вашите вештини да дојдат до израз. Секако дека постојат и огласи каде нема потреба од прикажување на претходното искуство.
Ова се најпопуларните платформи каде може да се најде ваков тип на работа.
Плаќањето најчесто оди преку Paypal или Payoneer, но дел од нив нудат и други опции за префрлање на хонорарите. Доколку сте во потрага по нова работа или само дополнителна заработка, разгледајте ги погоре поставените платформи, секогаш има шанси да најдете нешто според вашите потреби.