КОГА ДУШАТА ЌЕ ТЕ ПРЕБОЛИ
Дозволи ми да
заплачам по тебе
само по полноќ.
Тогаш ќе помине зла доба.
Тогаш тагата повторно
ќе ме посети,
а срцево ќе се потсети
дека не жали што те љубам до болка.
Често ги затворам очите.
Те барам во мене.
Го барам тоа жарче во мене
И тогаш се сомневам
Во себе
Во нас
Некаде прочитав.
дека нашите клетки се обновуваат
на секои седум години.
Уште неколку години
и конечно телово ќе се ослободи од тебе.
Срцево пак ќе заживее без тебе.
Го прочитав и тоа
дека една љубов трае четири години,
дека се е после неа
навика или опсесија.
И си реков пред да заспијам:
,, Уште неколку години ќе боли
конечно на крајот душава ќе те преболи”.
✍Викторија Стојовска
Повеќе од истата авторка ОВДЕ.