Кога се јавува потребата од поставување лични граници?

Во современиот свет каде што социјалните мрежи, работата, пријателствата и другите аспекти на животот константно се испреплетуваат, поставувањето на лични граници стана уште посебно важно. Личните граници се еден вид на невидлива ограда која ја чува нашето физичка и емоционална благосостојба. Даваме неколку примери кога е важно поставувањето на лични граници и како можеме да го направиме тоа во секојдневниот живот.

Кога може да ја почуствуваме потребата од поставување на лични граници?

 

Потребата од лични граници може да ја почуствуваме во било кој однос, другарски, пријателски, партнерски, во колегијалните односи и односите со претпоставените. Потребата за лични граници се изразува како емоционално и физичко чувство на потреба за заштита на себе, својот простор, време, енергија и приватност.

Неколку начини на кои може оваа потреба да се манифестира:

Емоционална исцрпеност: Кога се чувствувате истоштени или преоптоварени од емотивните потреби и барања на другите, може да се појави потребата за временски или емоционален одмор.

Недостиг на простор и време за себе: Кога се чувствувате притиснати од угодување на другите или или затрупани од непрекинати барања за ваше време и енергија.

Непријатни чувства поттикнати од недолично однесување на околината: Кога се чувствувате непријатно од однесувањето на другите и чувствувате потреба да поставите граница.

Генерална непријатност или разочарување: Кога ви е тешко или непријатно што се наоѓате во ситуации кога не сте слушнати, вашите чувства не се валидирани и кога не се почитуваат вашите потреби.

 

Зошто се потребни лични граници?

 

Заштита на психичкото здравје:

Личните граници ни помагаат да ги заштитиме нашите емоции и да го одржиме психичкото здравје. Кога ги потенцираме нашите граници, ги намалуваме можностите за непријатности и полесно ги надминуваме конфликтите.

Одржување на здрави односи:

Поставувањето на лични граници е важен дел од односите. Ни помага да комуницираме на искрен и отворен начин што во крајна линија доведува до подобри односи.

Самопочитување:

Кога ги почитуваме нашите граници, покажуваме на себе и на другите дека сме си важни и дека се цениме себеси. Ова го зголемува нашето самопочитување и самодоверба.

Како да ги поставиме личните граници?

 

Препознавање на потребите:

Првиот чекор за поставување на лични граници е да ги препознаеме нашите потреби. Потребите се различни за секој човек и можат да бидат физички, емоционални, или психички.

Комуникација:

Комуникацијата е клучна за успешно поставување на граници. Треба да бидеме искрени и директни во изразувањето на нашите потреби и границите, без да се извинуваме за нив.

Одржување на личните границите:

Одржувањето на границите е важно. Треба да бидеме последователни во почитувањето на нашите граници и да не дозволиме на другите да ги прекршат, доколку некој упорно не ги почитува нашите личните граници, треба да размислиме колкав простор од нашиот живот ќе му отстапиме.

 

Примери за поставување на лични граници:

Време:

Поставете временска граница ако сте преоптеретени и ви треба време за себе. На пример: Навистина би сакала да ти помогнам со задачите, но тоа можам да го сторам единствено наредната недела; Навистина би сакала да те дружам таму, но веќе имам други планови.

Простор:

Имате право да го заштитите својот физички простор и да не дозволите на другите да влезат во него без ваша дозвола. На пример: Те молам, тропни пред да влезеш во мојата соба; Те молам, оставај ги твоите работи на твоето биро.

Емоции:

Изразете ја својата негативна емоција и поставете граница кога ви се прекршува личниот простор. На пример: Не ми се допаѓа твојот начин на шегување на моја сметка; Не ми се допаѓаат твоите коментари за мојот физички изглед, те молам воздржи се од нивно давање.

 

Комбинацијата од препознавање на нашите потреби, јасна комуникација и последователно одржување на границите се клучни елементи за добро функционирање. Секој човек може да ја почувствува оваа потреба на различни начини, во зависност од нивната личност, животните ситуации и искуство. Постојат и повеќе видови на лични граници, важно е да ги слушате своите емоции и да бидете свесни за тоа како односите со другите влијаат врз вас. Поставување на здрави лични граници е чекор кон заштитување на вашата благосостојба и здравје.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *