Меѓународен ден на мајчиниот јазик-Зборувај слободно, зборувај гордо!

Секоја година,  на 21 февруари се одбележува  Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Денес главниот акцент е на промовирање на јазичната и културната разновидност и мултијазичноста низ целиот свет. Јазикот не е само средство за комуникација, исто така претставува огромно културно и интелектуално наследство.

Генезата на денот датира од 21 февруари 1952 година, кога пакистанските сили пукале врз луѓето кои говорат нa бенгалски јазик во Бангладеш, во периодот кога Пакистан бил поделен на два дела источен и западен. а Урду јазикот бил прогласен за национален јазик и на двата дела, иако поголем број од населението го зборувало бенгалскиот.

Подоцна во 1998 година, двајца бангладешанци кои живееле во Канада, Рафикул Ислам и Абдус Салам му пишале на Кофи Анан тогаш секретар на Обединетите Нации.

Тие побарале од ОН да преземат чекори за спасување на загрозените јазици во светот прогласувајќи Меѓународен ден на мајчиниот јазик на 21-ви февруари. Предлогот бил прифатен од УНЕСКО во 1999 година.

Обединетите Нации го спомнуваат фактот дека губиме јазик на секои две недели и најмалку 43% од околу 6000 јазици кои се зборуваат во светот се во опасност.

Денес, луѓето се свесни за фактот дека јазикот игра витална улога во развојот, во обезбедувањето културна различност и меѓукултурен дијалог, но и во зајакнувањето на соработката и постигнувањето квалитетно образование за сите.

Темата за Меѓународниот ден на мајчиниот јазик 2022 година, поставена од УНЕСКО, е „Користење технологија за повеќејазично учење: Предизвици и можности“

Ќе се одржат дискусии за потенцијалната улога на технологијата, на оваа тема, за унапредување на повеќејазичното образование и поддршка на развојот на квалитетна настава и учење за сите.

Извори:International Mother Language Day 2022: Theme, history and interesting facts (msn.com)

International Mother Language Day (unesco.org)

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *