Ноќ – Елисавета Ристова

Ноќ. Време на ѕвездите.

Ноќ. Време на надежта.

Ноќ. Време на молитвите.

Ноќ темна, а светла.

Ноќ сама, а неосамена.

Ноќ – мерило за способноста да ја почувствуваш близината и на најдалечниот.

Близината која ти ја топли душата.

Топлината која те тера да сонуваш.

Да сонуваш за она кое поминало и никогаш повторно нема да се повтори.

Сонуваш и за деновите тешки недојдени.

И се прашуваш колку очи гледаат во истото небо во моментот.

Во истото, а сепак толку различно небо.

Некаде темни облаци и ветрови ги разлетале сомнежите.

Некаде месечината ги осветлила мечтите.

Некаде дождот горко потопил нечија среќа или тага.

И сето тоа во една единствена ноќ.

Ноќ сама, а неосамена.

Ноќ темна, а светла.

Ноќ. Време на ѕвездите.

Ноќ. Време на надежта.

Ноќ. Време на молитвите.

 

 

Прочитајте повеќе од истата авторка овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *