Позитивниот став кон животот-потенцијал кој прави огромна разлика

Позитивниот став има голем удел во нашата способност да ги постигнеме зацртаните цели од секое поле во животот и порешително да ги направиме посакуваните промени во нашиот живот. Не само тоа, туку и ни прави да се чувствуваме поудобно во својата кожа.

Се разбира, позитивниот став не значи потиснување на своите негативни емоции, туку нивно прифаќање, ако чувствуваме тага или болка, едноставно чувствуваме тага или болка, и не е ништо страшно. Ги прифаќаме сите наши емоции и наоѓаме колку што можеме посоодветен начин за справување со нив, но тоа сепак е тема за обработување сама по себе, овде ја спомнуваме за да не дојде до мешање на поимите за градење на реален позитивен став кон нештата и поимот ,,токсичен позитивизам” каде луѓето буквално одбиваат да ги прифатат негативните  чувства.

Под позитивен став кон животот подразбираме перцепција што се фокусира на позитивните аспекти на искуствата, ситуациите и односите. Верба дека се може да биде во наша полза и способност да се приспособиме на промени и да ги примаме со отворен ум, како можност за раст и усовршување. Како ни помага позитивниот став?

Поголема мотивација и зголемен ентузијазам

Позитивниот став го зголемува нашиот ниво на мотивација и ентузијазам за да ги постигнеме нашите цели. Кога веруваме во себе и во нашата способност да успееме, склони сме да работиме посветено и напорно за тоа.

Отпорност кон пречките

Позитивниот став нè прави пофлексибилни и способни да се справиме со предизвиците и пречките што се појавуваат на патот кон нашите цели.

Помалку страв и негативни мисли

Позитивниот став ни помага да го намалиме стравот и негативните мисли кои би можеле да нè спречат да тргнеме по нашите замисли. Кога сме наоружани со позитивен став,  пречките ги гледаме само како предизвици кои може да ги надминеме, а не како нешто ненадминливо.

Зголемена креативност и иновативен пристап кон решавање на проблемите и задачите

Кога сме позитивно настроени, нашата креативност и иновативност се зголемуваат, што ни помага да најдеме решенија за проблемите со кои се среќаваме.

Подобрени односи со другите

Луѓето обично се привлечени кон позитивно настроените личности, што може да ни помогне да изградиме подобри односи и да добиеме поддршка од другите.

Намален стрес

Позитивниот став ни помага да го намалиме стресот и да се справиме со тешкотиите на полесен начин.

Подобрено здравје

Има истражувања кои покажуваат дека позитивниот став може да биде поврзан со подобрено здравје, намален ризик од одредени болести и подобар квалитет на животот воопшто.

Конзистентност и резилентност

Позитивниот став ни помага да останеме конзистентни, дури и кога се соочуваме со предизвици и неуспеси. Верувајќи дека успешно се справуваме со предизвиците, подготвени сме да го претвориме неуспехот во можност за учење и раст.

Подобра комуникација и соработка

Кога сме позитивно настроени, подготвени сме да го изразиме нашиот став со убедливост и да ги инспирираме и мотивираме другите околу нас. Ова може да ни помогне во градење на подобра комуникација и соработка со другите луѓе.

 

Постигнувањето на позитивен став е процес кој може да се научи и да се развие со време.

Еве неколку насоки како полесно да развиете позитивен став:

Само-свест и само-евалуација: Почнете со размислување за себеси и за работите кои ги посакувате во вашиот живот. Размислете за вашите силни страни и оние аспекти кај себеси кои сакате да ги подобрите. Имајте реалистични очекувања од себеси и го ценете својот напор и раст.

Позитивно размислување: Практикувајте позитивно мислење и промена на негативните мисли во позитивни. Фатете се при моментите кога мислите негативно и веднаш свесно заменете ги негативните мисли со позитивни изјави. На пример, ако упорно си велите, дебел сум, или имам премногу килограми, кажете си, што можам да направам за постепено да го сменам тоа што не ми се допаѓа кај мене.

Опкружете се со околина која ви дава поддршка: Опкружете се  себеси со луѓе кои ве поттикнуваат да бидете вашата најдобра верзија и ви нудат поддршка. Доколку во периодот немате такви, следете такви интернет содржини, поткасти или мотивациони говорници.

Изградете рутини за здрав живот: Здравиот начин на живот, вклучувајќи физичка активност, здрава исхрана и доволно одмор, може да има позитивен ефект на вашето ментално здравје и општата благосостојба.

Практикување на благодарност: Секојдневно свесно потсетете се за што сте благодарни во вашиот живот. Практикувајте благодарност кон себеси и кон другите, тоа може да го зголеми вашето чувство на среќа и задоволство.

 

Се разбира дека не секогаш можеме да бидеме во нашата најдобра форма, но верувајќи во самите себеси и нашите способности, негувајќи ги нашите добри страни, развивајќи ги нашите таленти, гледајќи ја добрата страна на нештата, смирено разгледувајќи како да ги премостиме препреките, односно негувајќи реален позитивен став, ни ги олеснува чекорите низ животот.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *