Оваа година Меркур ќе биде во ретрограден период од 1ви до 24ти април, од 4ти до 27ми август, и од 25ти ноември до 15ти декември.
Периодите на ретрограден Меркур се сметаат за време кога може да се случат предизвици во комуникацијата, технологијата и патувањата.
Иако астролозите имаат различни интерпретации, многумина сметаат дека ретроградниот период на Меркур е одлично време за рефлексија и преглед на
различни аспекти од нашиот живот.
Еве неколку начини како можеме да го искористиме периодот на ретрограден Меркур за рефлексија:
Преглед на начинот на комуникација:
Всушност, без разлика дали Меркур е ретрограден или не, потребно е од време на време да направиме ретроспекција на нашиот живот, каде сме, кои сме станале, и на каде одиме, многумина имаат и точно утврдени периоди во годината кога тоа го прават, но со брзото секојдневие и натрупаниот распоред често знаеме да се занесеме и да заборавиме на правецот во кој сакаме да се движиме. Понекогаш ќе откриеме дека сме и на уште подобар пат, но понекогаш и не. Затоа можеби е добро кога се јавуваат такви ,,популарни” периоди како ретрограден Меркур, за кои многу се зборува, да нѐ заинтригираат за своето значење па и да нѐ потсетат што треба да направиме.