Зошто е важно времето посветено на себе?
Има една многу убава изрека ”You can’t pour out of an empty glass” или ,,Од празна чаша нема што да сипаш”. Ја сфаќаме метафората нели ? Ако не се грижиме за нашата благосостојба , тогаш како ќе бидеме во можност да им помогнеме и да им се најдеме и на нашите најблиски? Од суштинска важност за секоја личност е да си посвети време во денот резервирано за правење на нешто што и причинува задоволство.

Едноставни нешта како половина час седење во тишина, еден час пешачење, вежбање во теретана, купка во кадата, чаша вино или шолја какао, читање на нова книга или списание, една епизода од омилената серија, или филм , не е важно , се додека е нешто што вистински душевно ве исполнува. Танц, слушање музика или водење дневник, прошетка во природа…сите овие нешта ни помагаат да дојдеме во хармонија со самите себе, да го слушнеме својот внатрешен глас и да водиме побалансиран живот. А така, ќе бидеме поенергични за ефективно вршење на своите обврски.

Затоа, да се обидеме оние мали а големи нешта кои ни будат среќа и задоволство да ни станат секојдневни ритуали. И не, ова не е себично од наша страна, туку напротив, кога се чувствуваме среќно и исполнето, тогаш и работите полесно ни одат од рака и имаме и поголема сила и поттик да им се посветиме и на другите околу нас.

Имате ли вие веќе такви мали а сепак моќни ритуали кои ви ги полнат батериите ? Споделете со нас . 💕🌹🌹🌹💕