Categories
Животен стил Колумни Магазин

Земете си книга в кревет, книгите никогаш не рчат! Среќен ден на книгата!😊

Драги наши,

Дождливо време, топло ќебенце, топол напиток и книга во рака, прекрасно сценарио нели? Идеално да го одбележиме денешниот ден посветен на книгата и сите мудрости, сите животи кои произлегуваат од неа.

Велат на светов две личности не можат да читаат иста книга во исто време, можеби поради тоа што секој од нас различно ја доживува секоја приказна.

Според метеоролошките најави, времето и викендов ќе биде врнежливо и идеално за активности на затворено, па еден предлог за квалитетно поминато време е добрата книга.

А во продолжение, сакаме да споделиме со вас дел од најинспиративните мисли и цитати за нивната висост Книгите. 😊

,,Ако наидеш на човек со редок интелект, прашај го кои книги ги чита. -Ралф Валдо Емерсон

,,Читањето ни овозможува да одиме на безброј места, тогаш кога мораме да останеме таму каде што сме.-Мејсон Кули

,,Одличните книги помагаат да разберете и помагаат да се чувствувате разбрани.– Џон Грин

,,Книгата која не ја читате нема да ви помогне. Џим Рон

Па, најубави наши, со кого ќе закажете состанок овој викенд?Лав Толстој, Достоевски, Вирџинија Вулф, Коељо, Шарма, Стив Џобс…или😊 ?Признаваме, изборот е тежок. 😊

Categories
Магазин

Книгите кои ги читаше Тоше Проески

Кој ја посетил спомен куќата на нашиот Тоше Проески во неговото родно Крушевознае дека помеѓу неговите работи се наоѓаат и дел од книгите кои тој ги поседувал. Станува збор за книги кои придонесуваат за значителен духовен развој, и за сите нас љубители на пишаниот збор, може да бидат прекрасна препорака и поттик да ги прочитаме.