Таму каде зраците се распослани удолу полињата.
Таму каде пролетното ветре ги растресува цвеќињата.
Таму каде зеленилата украсуваат сè до најодалечениот хоризонт.
Таму каде мириса на жито.
Таму каде мириса на свежина.
Таму каде мириса на билки.
Таму каде топлината не ја снемува.
Таму каде разочараноста е присутна, а невидлива.
Таму каде има вредни луѓе насмеани.
Таму каде галамата започнува пред зората, а завршува во доцната вечер.
Таму каде ни зимата е зима, ни летото е лето.
Таму каде птиците наутро ме будат.
Таму каде штурците навечер ме заспиваат.
Таму каде ѕвездите можат да се видат.
Таму каде насмевките се слушаат, а солзите се гледаат.
Таму каде ноќите се кратки, а деновите предолги.
Таму каде сонцето пребавно заоѓа, а пребрзо изгрева.
Таму е мојот дом.
Таму е мојата душа
низ житните полиња,
низ цветните мириси,
низ мирните ноќи,
низ сончевите зраци,
низ носталгичните денови.
Таму.
Таму живеам јас.
✍Елисавета Ристова
Повеќе од истата авторка овде.