Жени кои ја одбележале историјата

Можеби една од најинспиративните животни приказни на жените кои оставиле белег во историјата е онаа на Марија Склодовска Кири. Марија Кири била првата жена што освоила Нобелова награда, по физика, а подоцна и по хемија, таа станала првата личност што добила Нобелова награда двапати. Нејзиниот труд довел до откривање на полониум и радиум.

По завршувањето на средното училиште во Варшава, Полска, не можела да го продолжи своето образование таму бидејќи во тогашно време високото образование било резервирано само за мажи. Сонувајќи за школување во странство, работела 5 години како гувернанта за да заработи, заминува во Париз и се запишува на Сорбона на катедрата за математика, физика и хемија. Следеле години тежок живот, исполнет со глад и одрекувања. Но, во пролетта 1893 година завршува како прва во својата генерација, а една година подоцна магистрира на математика, исто така на Сорбона. Сака да се врати во Полска, но на факултетот во Краков одбиваат да ја вработат бидејќи е жена. По ова одбивање, повторно заминува во Париз. Докторира на високата школа за индустриска физика и хемија во Париз, и станува првата жена – доктор на науки во Франција. Подоцна , станува и првата жена професор на универзитетот во Сорбона.

,,Ништо во животот не е тука за да не плаши, туку за да биде разбрано. Сега е време да разбереме повеќе, за да се плашиме помалку “- Марија Склодовска Кири (1867-1934)

Среќен осми март драги Инспиратиффки ❤🌹🌸🌼🌻💐🌷🌺❤

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *