Колку сме подготвени за работа во тим?

Една од најбараните вештини која ја гледаме во огласите за работа денеска е токму способоноста за работа во тим. Што всушност тоа значи?  Динамика која треба да доведе луѓето кои работат заедно да постигнат одреден резултат на работното место.

Во секоја работна средина има различни карактери, поголемиот дел од нив доаѓаат од различни компании каде порано работеле и поседуваат некоја работна култура која ја негувале. Да се постигне хармонија и да има поволна клима за работа е од круцијална важност.

Фото: Unsplash

Ова подразбира да знаеме да го извадиме најдоброто од себе и од другите и заедно да се мотивираме кон постигнување на заедничката цел, да умееме да пружиме поддршка во тешките ситуации и да се обидеме да бидеме разбирливи во конфликтните моменти.

Секој работи на различен начин, па така, неколку различни личности кои работат заедно да спроведат еден план или задача, можат да се потпрат исклучиво на ефективна соработка и тактичен пристап.

Фото: @StockSnap Pixabay

Еве неколку работи кои треба да ги практикуваме:

Споделете ја вашата визија со другите, која е целта на задачата и кои се начините успешно да се заврши.

Отстапете ја сцената-ова значи да им дадете простор на сите колеги да ги кажат своите идеи и дадат фидбек на вашите.

Поделете го товарот на обврските, одлучете што е потребно да се направи и кој која улога ќе ја преземе.

,,Поделете” ја и победата. Кога ќе се постигне некој значаен резултат, дајте им признание на сите што соработувале и го дале својот придонес.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *