Највкусните новогодишни колачиња By Iva ✨😊😋✨

Драги наши,

Ветено, сторено. Нашата вредна Ива ни го испрати и нејзиниот рецепт за Новогодишни колачиња. Во прилог рецептот за подготовка, а очекуваме и слики како вам ви излегле.

Потребни состојки: 300гр брашно , 70гр кафеав шеќер , 1 прстофат сол , 1 лажиче цимет , 1 лажиче мускантно оревче, 1 лажиче ѓумбир ,1 лажиче сода , 120гр путер на собна температура , 100гр мед, 1 јајце.

За глазурата: 1 белка, 200гр шеќер во прав , 2 лажички сок од цеден лимон, боја по желба. Јас ги рекреирав ланските купени колачиња со мала помош за боењето.

Подготовка: Во сад се мати путерот со шеќерот и потоа се додава и јајцето и повторно се мати. Во друг сад се става брашното и во него сите зачини, се промешува и постепено се става во садот за матење, се мати до добивање на леплива смеса, која откако е готова ја ставаме во целофан и во фрижидер, најмалку 1 час. Потоа се меси преку целофанот и се прават форми со калап.

Мал трик, наеднаш ставете ги сите калапи напоредно за полесно вадење. Се печат околу 15 мин на 180 степени. Откако ќе се оладат , се подготвува глазурата, најпрвин се мати белката, па потоа се додаваат и шеќерот во прав и лимонот, се мати околу 4 минути и се ставаат во различни чинии во зависно каква боја сакате.

Пријатен апетит и среќни празници.

(За прашања околу рецептите, може да се обратите директно кај Ива на нејзиниот инстаграм профил @krstevskaiva)

А со еден клик овде ќе најдете една многу полесна и побрза варијанта на новогодишни колачиња.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *