Приказна од 2012та која сè уште ги грее срцата на луѓето ширум светот- хуманоста е највисокиот врв, повисок и од Монт Еверест

Сон и цел на речиси секој алпинист е да го искачи Монт Еверест, но да се остане пред се човек доследен на своите морални начела и принципи е најважната цел за Надав Бен-Јехуда, израелски алпинист.

Денеска се потсетуваме на лекцијата која овој алпинист му ја одржа на светот, дека хуманоста е највисокиот врв, повисок и од Монт Еверест.

Во 2012та година, Надав Бен-Јехуда, бил на само 300 метри од целта да го освои Монт Еверест, но ни секунда не се двоумел да ја занемари својата цел за да исполни една уште поблагородна, да спаси човечки живот.

Тогаш 24-годишниот израелски алпинист Надав Бен-Јехуда, го препознал својот пријател, повредениот турски алпинист Ајдин Ирмак, и веднаш го започнал обидот за негово спасување.

Бен-Јехуда за медиумите го раскажал настанот: „Поминав покрај две мртви човечки тела кои беа сè уште топли. Снемувајќи сила да се движат, алпинистите паѓаа во кома и умираа, а оние што продолжуваа да се движат ги заобиколуваа… Веднаш го препознав, тоа беше Ајдин Ирмак од Турција, се бевме сретнале и долу во кампот. Беше во несвест, немаше ракавици, кислород, ранец, а шлемот му беше изваден. Го чекаше крајот. Другите алпинисти поминуваа покрај него без да мрднат со прст, но јас знаев дека ако поминам и го оставам таму, тој ќе умре. Барем можев да се обидам да го спасам. Ајдин и јас почнавме да слегуваме надолу, слегувањето траеше 9 часа. Беше многу тешко да го носам затоа што беше тежок. На моменти се освестуваше, но повторно губеше свест. Кога конечно се освести, почна да вреска од болка и тоа ни го отежнуваше спуштањето. Се движевме многу бавно и во еден момент ми се расипа маската за кислород. Малку подоцна, се сретнавме со еден алпинист од Малезија, кој исто така беше на работ на силата. Беше јасно дека стана сосема невозможно да се оди понатаму. Ги молев алпинистите што ги среќавав на патот да ми дадат кислород за двајцата ранети, а некои се согласија да помогнат. Некако стигнавме до кампот“

„Се соочив со предизвик, да бидам најмладиот Израелец што некогаш се искачил на Монт Еверест, што би било одлично за мојата кариера, или да се обидам да спасам човечки живот животи. Ја избрав втората опција и успеав да го сторам тоа. Благодарам на сите што ми помогна. во подготовките и подучувањето. Ми даде доволно сила за да можам сам да се спуштам со две лица на кои им требаше огромна помош .“

Во тогашниот период, и односите помеѓу двете држави, Израел и Турција, биле заострени, но секако дека тоа не извршило никакво влијание врз пријателската врска на овие двајца алпинисти.

По закрепнувањето, Ајдин изјавува: „ Воопшто не се грижам за тоа што се случува помеѓу нашите држави, денеска разговарав со семејството на Надав и им порачав дека имаат уште едно семејство овде во Турција. Можеби не го искачив врвот, но добив брат.

…Освен што спаси човечки живот Надав направи и многу повеќе, изгради мост помеѓу Турција и Израел, и нашите лидери би можеле да научат навистина многу од него. “

Од пламените на очајот, се разгоруваат надежта и солидарноста.

Нека оваа сторија не потсети на солидарноста и човечноста пред се, за убав почеток на месецот март.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *