Предлог филм за овој викенд ,,The Theory of Everything” 🌌🌎✨🌃
,,Колку и да изгледа лош живот, секогаш има нешто што можете да направите и да успеете. Додека има живот, има и надеж. ”- зборови на Стивен Хокинг.
Ви предлагаме да го погледнете филмот ,,The theory of everything” во режија на Џејмс Марш, снимен според автобиографијата на Џејн Хокинг, адаптиран од страна на Ентони Мекартен. Во главните улоги ги гледаме Еди Редмајн како Стивен и Фелисити Џонс како Џејн.

Филмот ја следи животната патека на Стивен, неговата дарба за физика, и неговата опсесија да го открие законот на универзумот, почетокот на времето, постоењето или отсуството на Бог.

Почетокот на љубовната романса со Џејн, само неколку месеци пред да му дијагностицираат тешка болест која го напаѓа неговото тело и му предвидуваат уште најмногу две години живот.
И покрај противењето од Стивен и од околината, Џејн останува со него и се венчаваат. Животот им е далеку од бајка, но она што ги карактеризира е смиреноста, љубовта, истрајноста и борбата.

Остатокот од филмот погледнете го, па споделете со нас, како вие го доживувате. 😊