Од клубот на Инспиратиффците денеска ја издвојуваме Кристина Зимбакова. Кристина ја запознавме на една опуштена дружба со планинарите од струмичкото планинарско друштво. Низ краток разговор дознаваме дека се занимава со уметност, а за специфичноста на нејзината уметност, ќе разговараме токму денеска.
Млада и успешна, девојка која што од мали нозе напорно работи и цврсто чекори кон остварувањето на нејзиниот сон, денеска на Магазин Инспиратифф ни гостува надарената пијанистка Јулијана Јанев. Ќе ни раскаже за нејзините почетоци, чувството пред секој настап, нејзината најголема поддршка…
Јулијана зад себе има многу освоени први места и силни аплаузи како признание за нејзиниот труд и нејзиниот квалитет.
Предлог филм за овој викенд ,,The Theory of Everything” 🌌🌎✨🌃
,,Колку и да изгледа лош живот, секогаш има нешто што можете да направите и да успеете. Додека има живот, има и надеж. ”- зборови на Стивен Хокинг.
Ви предлагаме да го погледнете филмот ,,The theory of everything” во режија на Џејмс Марш, снимен според автобиографијата на Џејн Хокинг, адаптиран од страна на Ентони Мекартен. Во главните улоги ги гледаме Еди Редмајн како Стивен и Фелисити Џонс како Џејн.
Филмот ја следи животната патека на Стивен, неговата дарба за физика, и неговата опсесија да го открие законот на универзумот, почетокот на времето, постоењето или отсуството на Бог.
Почетокот на љубовната романса со Џејн, само неколку месеци пред да му дијагностицираат тешка болест која го напаѓа неговото тело и му предвидуваат уште најмногу две години живот.
И покрај противењето од Стивен и од околината, Џејн останува со него и се венчаваат. Животот им е далеку од бајка, но она што ги карактеризира е смиреноста, љубовта, истрајноста и борбата.
Остатокот од филмот погледнете го, па споделете со нас, како вие го доживувате. 😊
Телевизиските куќи и продукции периодов вртат безброј филмови на тема Божиќ, Нова година, љубов, простувања, нови почетоци…Колку и да сме свесни дека дел од тие приказни може да се случат само на филм, сепак , некако, убаво ни е кога си ги гледаме, па и со право Netflix ги става во feel good категорија 😎
Па така, деновиве, препорака за интересен и лесен филм добивме за Holidate. Филмот ја следи приказната на двајца млади кои решаваат да се гледаат само за празниците кои треба да ги поминат во кругот на семејството, односно да глумат дечко и девојка. Погодете зошто? 😊 За да ги избегнат коментарите од типот ”Еј, абе уште си сам/а?” 😊 Не им било лесно сигурно 🤣
Многумина се оние кои сите епизоди од оваа Нетфликс серија ги изгледаа во еден здив, задржува внимание и е лесна за следење. Емили е преубава Американка која оди на работна задача во Париз,не го познава јазикот и на почетокот доживува многу непријатности. Зависничка од работа во компанија каде сите ”работат за да живеат” а не ”живеат за да работат” , во сосема друга средина и култура во првите епизоди наликува на Алиса во земјата на чудата.
Честопати ако кажаме дека ни се допаѓа класичната музика можеме да се судриме со чудни погледи од спротивната страна. Но дали знаевте дека слушањето класична музика огромни придовки? Некои од нив ќе ве остават со подзината уста.
Еве само неколку од нив:
Го намалува крвниот притисок
Ја подобрува меморијата
Намалува болка (всушност голем број на научни студии покажале дека луѓето кои слушаат класична музика во просек имаат потреба од помалку медикаменти).
Помага против депресивно и меланхолично расположение.
Го намалува нивото на стрес и има влијание врз лачењето на допаминот кој пак е хормон кој го активира центарот за чувство на задоволство и среќа во мозокот.
Слушањето класична музика само 45 минути пред спиење значително го подобрува квалитетот на спиењето.
Ја подобрува креативноста а уште поинтересен податок е дека учениците кои ги слушале предавањата додека во позадина тивко одела класична музика постигнале подобри резултати на тестирањата.
Знаете ли Вие уште некој интересен факт? Споделете со нас. 😊