Кога сè натежнува – Елисавета Ристова

Кога сè натежнува

и воздухот ги гори градите.

Кога сè натежнува

и облаците тмурнуваат, а не проросуваат.

И очите како нив, пресушуваат,

солени солзи надоаѓаат, но не капнуваат.

Кога сè натежнува

натежнуваат и коските

и мускулите.

Натежнуваат со непрестаен умор,

кој го потонува телото во тишината,

која уште повеќе тежи.

Кога сè натежнува

занемуваат и зборовите,

се губат и радостите.

Остануваат само сивилата

на душата која без солзи исплакува

и без гласови вика.

Тогаш кога сè натежнува

и душата неиздржливо тежи.

 

 

 

 

Повеќе од истата авторка прочитај овде.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *