Денеска во Кина се одбележува почетокот на Новата година , од 11ти до 17ти февруари, таму ќе се празнува. Овие денови се исто така познати како пролетен фестивал или лунарна нова година .
Во остатокот од светот, првиот ден од новата година е 1ви Јануари, но во Кина ,првиот ден од новата 2021 година е 12ти февруари . Секоја година е различно, но секогаш е во периодот помеѓу 21ви јануари и 20ти февруари. Кинезите имаат интересни традиции поврзани со одбележувањето на овој ден, а една од тие е и да облечат и по нешто црвено , за да ги прати среќа во текот на цела година . Семејствата се собираат на вечера , а на децата обично им се подаруваат пари во црвено пликоа. Годинава многу од вообичаените организирани прослави ќе изостанат , но сепак, празничниот дух останува. Среќна кинеска нова година! 😊😊😊🐂🐂🐂