Ако сте нови во практикувањето на ритуалите за нега на кожата, овој пост е токму за вас. Овде ќе разјасниме кај кои козметички производи е важен периодот од денот за нивното нанесување, односно дали наутро или навечер, и зошто е тоа така.
Воглавно, производите кои се оставаат за навечер се оние кои се фотосензитивни и во допир со сончевите зраци можат да предизвикаат повеќе штета отколку корист.

Ретинол или Витамин А
Таков е ретинолот или исто познат и како Витамин А, скоро на секое шишенце ретинол стои предупредувањето да се користи само навечер. А наутро лицето убаво да се измие за да се отстранат остатоците од ретинолот или неговите деривати и при излегување на сонце, кожата да се заштити со СПФ крема.
АХА или БХА киселини
АХА и БХА киселините за користат за пилинг на кожата, односно постепено отстранување на мртвите клетки од површинскиот слој на кожата. Ова ја прави кожата екстра чувствителна и подложна на не толку полезните ефекти од сонцето и затоа домашните третмани со АХА или БХА киселините се прават навечер а наутро СПФ кремата е задолжителна.
Есенцијални или етерични масла
Различни есенцијални односно етерични масла ни се достапни за да се справиме со различните предизвици со кои нашата кожа се соочува. Сува и дехидрирана кожа и акни се само дел од нив. Маслата можат да бидат одличен третман, но некои од нив може да предизвикаат негативни реакции во допир со сонцето. Еден пример за ова се поголемиот дел од маслата од цитрусните овошја. Една причина повеќе за нивно нанесување навечер е и токму нивната масленост, освен за оние на кои не им смета да се шетаат светкави во текот на денот 😉

Доколку се користи есенцијални односно етерични масла во вечерната рутина, најдобро е да биде барем еден час пред легнување, со цел производот добро да се впие и да не заврши на нашата навлака за спиење.
Повеќе за како се комбинираат козметичките производи прочитајте овде.
Научете повеќе за сновните производи за хидратација и регенерација на кожата овде. ☺