Во државава во последниот период се зголемија онлајн продавниците на облека и чевли, (што е супер) некои од нив и пред короната беа продавници кои работеа само со онлајн продажба , но добар дел се и физички продавници кои воведоа и онлајн продажба за своите потрошувачи. Понекогаш сме пресреќни кога ќе ни пристигне пратката бидејќи ептен ни се погодила а понекогаш знае да не удри и бран на мало разочарување. Како и да е, потребно од наша страна е да се осигураме во неколку работи пред да ја направиме нарачката.

1.Да побараме карта со величини односно која величина на која тежина и висина одговара. Често може да се случи да немаат прикачено на фб или инста страната, но поголемиот дел се услужливи или ”customer friendly” па дури и да немаат таква карта со размери и величини откако ќе им ги напишете вашите пропорции тие ќе ви предложат која големина од одредениот модел да ја земете.

2. Да прашаме каков е материјалот, затоа што на сликите може да ни изгледа сосема друг материјал од оној што навистина е.
3. Да се осигураме дека продуктот може да ни биде заменет доколку нешто не е во ред, дали со помал/поголем број доколку има од истиот и што доколку нема, дали ќе се направи рефундација на средствата или пак ќе може да одбереме друг продукт и да ја доплатиме разликата.
4. Да прашаме колку точно ќе не чини доставата и во случај на замена кој ги сносува трошоците за достава (во повеќето случаи е на товар на купувачот,но не е на одмет да се осигураме)

5.Доколку првпат порачувате од конкретната продавница прочитајте ги коментарите од други клиенти па може да донсете заклучок дали станува збор за продавница која ја заслужува вашата доверба. Можеби ќе звучи смешно, но и во групите за таканаречени ”женски муабети” може да прашате и да се информирате за искуство со некоја од онлајн продавниците бидејќи таму често може да се сретнат споделени искуства од ваков тип.
На здравје шопинг! 🙂