Почитувај ја твојата мајка, планетата Земја, секој ден!

Во чест на денешниот ден споделуваме неколку мисли за зачувувањето на нашата планета земја од повеќе истакнати личности. Можеби ќе имаат влијание да станеме посовесни граѓани и пољубезно да се однесуваме кон нашата мајка.

,,Која е користа на куќата ако ја немаме планетата?– Хенри Дејвид Торо

,,Чувствувам лутина кога гледам отпад. Кога луѓето фрлаат нешта кои би можеле да се употребат. -Мајка Тереза

,,Тој што сади дрвја, ги сака и другите а не само себе. – Томас Фулер

,,Најголемиот тест за човековата свест е волјата да направи некоја жртва денес за доброто на идните генерации чие благодарам не ќе може да го чуе. – Гејлорд Нелсон

,,Земјата нема да продолжи да ја нуди својата жетва, освен на своите верни слуги. Не можеме да кажеме дека ја сакаме земјата а потоа со своите дела да ја уништиме за идните генерации. -Амит Реј

 

,,Земјата е заедничка за сите нас. -Вендел Бери

,,Вистински конзерватор е човек кој знае дека светот не го наследил од своите татковци, туку го позајмува од своите деца. -Џон Џејмсон Одбон

,,Никогаш не се сомневајте дека мала група посветени граѓани може да го промени светот. Всушност тоа е и единствениот начин на кој некогаш нешто се има променето.– Маргарет Мид

,,Плановите за заштита на воздухот и водата, дивината и дивиот свет, се всушност планови за заштита на човекот.– Стјуарт Удал

Нека првиот наш чекор биде прашањето: Што можам да направам денес за мојата животна средина да биде почиста и поздрава за живот?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *