Денешен соговорник ни е младиот и успешен Љупче Димитров. Љупче потекнува од Струмичкиот регион, а своето образование го продолжува во Република Бугарија, каде се надоградува и бележи многу успеси уште на самиот почеток на својата кариера.
Денешен соговорник ни е младиот и успешен Љупче Димитров. Љупче потекнува од Струмичкиот регион, а своето образование го продолжува во Република Бугарија, каде се надоградува и бележи многу успеси уште на самиот почеток на својата кариера.
Една од најбараните вештини која ја гледаме во огласите за работа денеска е токму способоноста за работа во тим. Што всушност тоа значи? Динамика која треба да доведе луѓето кои работат заедно да постигнат одреден резултат на работното место.
Во секоја работна средина има различни карактери, поголемиот дел од нив доаѓаат од различни компании каде порано работеле и поседуваат некоја работна култура која ја негувале. Да се постигне хармонија и да има поволна клима за работа е од круцијална важност.
Секое дете во себе носи огромен потенцијал, наша задача е да создадеме околина во која тој ќе се развива и ќе го достигне својот максимум. Развојот на децата во голема мера зависи од интеракцијата на природата односно генетиката и грижата која им е пружена, стимулацијата, опкружувањето и учењето. На оваа тема разговараме со Александра Младеновска, храбра и борбена мајка, чија инспиративна приказна ќе не наоружи со многу оптимизам и надеж. Токму Александра стои позади линијата на рачно изработени едукативни играчки за детскиот развој, индивудуално прилагодени за потребите на секое дете–Go Kiddoo.
Драги Инспиратиффци, денеска ви претставуваме една исклучителна талентирана и креативна девојка, прекрасната Луција Србакова.
Се прашувате кој е нејзиниот талент?🤷♀️🤷♂️
Нејзината неверојатна способност да направи фузија на убавото и корисното.
Букетот цвеќе отсекогаш важел за најприкладниот знак на внимание за секоја пригода, без разлика дали сме поканети на некоја прослава или едноставно сакаме да изненадиме некого без некој посебен повод.
Е сега, нашата девојка, ни приредува изненадување на квадрат. 😊
Драги Инспиратиффци,
Со својот талент и енергија која зрачи од секое нејзино дело, денеска, КристинаКоколанска ги разубавува страниците на нашиот магазин. Мултиталентирана девојка која секоја замисла ја претвора во реалност. Баш така, во букввална смисла. Може да претпоставите колку супер е кога омилениот ТВ лик се претвора во ваш омилен додаток? Сè уште не ? Значи во вистинско време ве запознаваме со Кристина, нашата денешна гостинка. Кристина со нејзините вешти раце, користејќи ја јапонската техника за плетење Амигуруми, создава уметност која им причинува незамислива радост на нашите најмили и најсакани.
Во месецот кога најмногу се зборува за родовата еднаквост и можностите на жената да биде се што ќе посака, разговараме со Силви Пецаковска, жена која долги години успешно опстојува во таканаречените машки бизниси. Силви е вљубеник во уметноста, половина од својот живот го поминува во САД, а другата половина овде. За Магазин Инспиратифф таа ја раскажува својата приказна, почнувајќи од детсвото и првите зачетоци на љубовта кон уметноста, цртањето, графитирањето, се до работењето со камен и тетовирањето. За предизвиците и тешкотиите со кои се соочувала на тој пат, но и истрајноста и желбата да биде пример за своите керќи, самата покажувајќи им дека да се биде жена не значи дека не може да го работат тоа што ќе го посакаат. Прочитајте повеќе…
Голем број од работните состаноци поради ситуацијата со пандемијата се префрлија на некоја од онлајн платформите Zoom, Microsoft Teams , Skype или некоја слична. Додека работите полесно се одвиваат кога учесниците се лице в лице, тоа не е невозможно ниту со онлајн состаноците, сепак потребно е претходно да се направат некои подготовки а и да се следат некои правила во текот на состанокот.