Во клубот на креативци денес наш гостин е Филип Петровски. Филип го знаеме како бренд амбасадор на многу македонски но и европски брендови. Освен што има неверојатна харизма пред објективот, Филип е и мултиталентиран дечко со огромна смисла за хумор. За Magazine Inspiratiff раскажува дел од најинтересните животни случки, неговата инспирација и што е она што го движи напред. Акцентот на разговорот го ставаме на тоа колку е важно да се чувствуваме исполнето од тоа што го работиме, без разлика дали станува збор за хоби или примарна работа.
*за да се задржи што повеќе од автентичноста на начинот на изразување на соговорникот, текстот не е комплетно лекториран
Моето место на раѓање е малку специфично, ха,ха.. роден сум с. Псача на мостот, во брзање. На тој мост татко ми во 1995та прави тешка сообраќајка, и на истиот мост подоцна на мои 18 години се заљубувам најмногу на свет и тоа траеше 3 години. Многу случки околу тој мост, мајка ми не стигнала да ја породат до болница, а јас сум избрзал и сум се родил низ пат тука.
Роден сум 1998ма што значи сега сум 25 години. Живеев на доста места, под општина Ранковци , потоа Крива Паланка кај што учам средно, во меѓувреме посетувам курс по ликовна уметност кај Проф. Роберт. Тој период го поминав во Криво Паланечкиот интернат кај што научив да сум самостоен, искрено почуствував голема топлина, многу трајни дружења, глупости, заљубувања… Распустите ги идев Србија и таму седев, па така направив стаж од 2011та до 2018та, цик цак на двете места. Искрено преубаво ми беше и најдобрите другари ги запознав баш таму. Градот кај што бев е Рума, Војводински дел на Србија. Сите преубави во тој град од 30.000 луѓе, сите уметници и бев исполнет баш поради тоа што некако се разбиравме со сите на тој некој наш јазик.
Во 2019та се враќам во Македонија бидејќи се случи да ме пуштат во емисија кај Сергеј и да добијам позитивни критики, и од човек со 60 следачи преку ноќ имав 6.600. Така и почнав да го работам ова што го работам, односно да се сликам и да сум бренд амбасадор за доста наши фирми и да стојам добро со доста веќе искусни и познати луѓе. Па така работам како модел, за друго немам висина баш ха,ха..

Но, во Македонија тоа е само хоби и мораш да работиш и друго и трето за преживување. Пред пандемијата се вратив во Куманово и тука останувам две години и баш тогаш се случува да ме запознаваат многу луѓе, да ме следат многу и сите ме знаат како Филип Кумановец, а јас од Паланачко. Куманово ми донесе многу во живот, нови искуства, многу пријатели од кои некои како фамилија, како браќа и ќе ги кажам – Филип, Марко, Сики, Богдан,.. Луѓе кои многу ми помогнаа пред се и плус куп други кои ми се битен фактор и ги сакам премногу. После тоа се селам во Скопје кај што сум сега, тука работам и остварувам соработки.
Кога ти се појавија првите симпатии кон фотографијата?
Првите симпатии кон фотографијата ми се појавија искрено одамна. Но во 2021ва се снима кумановскиот филм ,,Приказ” во кој јас имам улога, глумам фотограф, и тука си кажав Филип братко купуваш апарат. Апарат во смисла за мене за да можам да си ги сликам прозводите кои што треба да ги рекламирам на Инстаграм. Не бев на курсеви некако одма го имав тоа око и дури оние комерцијални фотки што ми ги бараат луѓето гледам да имаат некој шмек во нив. Од голема помош ми е тоа што бев на курс по ликовна уметност, па така околу композиција тоа е тоа.
Што најмногу сакаш да фотографираш?
Најмногу обожавам улични фотографии онака по дарк стил, премногу обожавам портрети кај луѓе, бидејќи сите се посебни, сите се убави и посебна емоција има кај секој.
Најголем предизвик за фотографирање?
Најголем предизвик ми е да отидам да фоткам од високо, од некој хелихоптер, онака над некој огромен град или да најдам нешто екстремно за фотографирање од висина (да си го победам стравот) иако најмногу сакам портрети.
Една од најинтересните лучки од фотосесија ти е ?
Интересна случка… Бев договорен да сликам една девојка, ама во мантил. Вака, така, не очекував дека ќе дојде. Иии, доаѓа, се запознаваме ние, се топ, одиме на локација и тоа прометна и ајде вика почнуваме. Ајде викам, и сликам јас, закопчан мантил, налик сериски убица. Е сега вика ќе се раскопчам, ајде викам, топ! Листам тоа сликите и се вртам, нешто коли свират, застој.. Што е проблем си викам!? Се вртам, таа да ти била скроз гола под мантилот, и сакала такви слики, не се разбравме. Јас во шок, луѓено во шок со коли што идат, минувачи во шок. Хахахаха сите во ШОК. Што ќе сликам, не иде тоа така, ќе ни пишат и казна, леле ќе не тепа некој двајцата, хахаха. Луѓе гледаат, хаос, свиркања. Интересна беше цела таа ситуација и цела таа слика што не би ја доловил вака со пишување, хехехе.
Околу соработките со брендовите, и разликата кога си пред и позади објективот?
Моментално соработувам со неколку кај нас ама ќе ги издвојам само оние со кои имам најмногу разбирање и пред сѐ ми се тука не само за соработка туку и приватно. Ми станаа како фамилија и многу ги сакам, а тоа се Оптика Филос, Фитнес Клиник – Влае, Квин сребрен и златен накит. Пред тоа имав направено соработки со Елена Лука, Бео спорт ( цел регион), Лондон бутик, Худ мен, Сарита мен, Интеро, Кемо, Бубе Ин, Киропрактика МК, Ханет Грил и многу други. Учествував и на неколку ревии, ТВ шоуа, ТВ емисии, до реклами, до старист и друго. Од понови соработки што ги направив се исто Фор Мен ГТЦ, како и со Клиника 101, соработка која се случи благодарение на Алек Н. од Моделс ИН.

Која улога повеќе ти лежи, онаа на модел или фотограф?
Повеќе ми лежи да сум пред објективот, бидејки чувствувам целосна слобода и веќе сум извежбан и можам да правам сѐ и сешто, но единствено криво ми е што не можам во исто време да сум и позади објективот, затоа што многу внимавам на агли, детаљи и светло на самата фотографија.
Во моментот кога се договаравме за интервјуто, имаше ставено стори на кое многу се смеевме, нешто како фотоапарат 86000ден, ленс еден 39900ден,+куп други работи и некој доаѓа и ти вика ,,Ај брат, штракни ме.” Кое е твоето видување дали овој вид на уметност доволно се цени кај нас ?
Реално сите сакаат да добијат добра фотка ама да не ти платат, многу ми е жал за сите гранки на уметност што не се ценат. Не може да си дозволи некој да каже за сликар дека тоа на платно се шкртотини и дека може и он дома со четка да го направи.. НЕ! Тоа е емоција, тоа е ежење. Така е и со фотографијата и со музиката и глумата. Сите сакаме да земеме се на уметниците, а да не им дадеме ништо, а не земаме в предвид дека се е уметност и сам Бог е најголем уметник. Така да брат, no more free ха,ха.. или што би рекол Зоки Фаци “ Кееешш срцкааа”. хахаха..
Во кој правец, идеално, би се одвивала твојата кариера?
А во кој правец иделно би се одбивала мојата кариера во иднина ? Хмм, стварно обожавам сцена, обожавам глума, многу е тешко и ако сите мислиме дека можеме, ама јас тоа многу го сакам и би сакал да се видам во некој добар филм, не еден филм, повеќе филмови. Добар сум во синхронизација на гласови, имитации..

Кој беше моментот кога премина од сликарство кон фотографија?
Кога сме кај премин од слика на фотографија, никогаш не преминав само ги поврзав. Јас кога не сум среќен, пеам и цртам, цртањето ме опушта ме, смирува, ми ги носи мислите далеку од моменталниот проблем. Баш штета што не живеам во време на Леонардо Да Винчи, кога уметноста била Бог. Така да, тоа што го викаат сите хоби, може не ми носи леб за да ме храни ама ми ја храни душата. Кога ќе нацртам нешто убаво или ќе видам моја фотографија споделена некаде или некого што сум го сликал ставил профилна направена од мене, ме прави многу среќен.

За почетоците и мотивацијата кон постојано движење до најдобрата верзија од себе си
Кога ќе се сетам, почетоци ми беа навистина тешки, но од денешна перспектива си се восхитувам на истрајноста. Почнав по емисии со еден пар фармерки, немав пари за ништо освен карта за автобус до локацијата на снимање. За само да го турнам овој Филип што сум сега, да колку толку го живее она што си го има ветено. Дека ќе го знаат сите, дека Филип ќе е најдобар и ќе е пример пред се за добар човек, а заборавивме каков голем збор е всушност “човек”.
Мило ми е што покрај сите падови што ми ги нанесе животот јас не тргнав по коцка, алхохол, дрога… Јас само од секогаш сакав да сум посебен во се. Харизмата, начинот на пристап и приземност ми овозможија многу пријателства и врата кај ќе можам да тропнам во било кое време. Благодарам до баба и дедо, особено на баба ми. Постојам заради нив.
Благодарен сум на Тоше и неговата музика, од него што научив како еден човек треба да се однесува и што е тоа хуманост. Благодарам на Бранко, воспитувач во интернатот кајшто бев, ме учеше премногу. Благодарам на многу луѓе што ми се појавија во животот и ми го направија поинаков!
Следново не го прашавме, но Филип реши да ни каже 😄😄😄
Многу сакам во иднина да имам и ќерка, хахахах. Не знам зошто, ама ете, но првин да се оженам, да ја најдам вистинската.. Мислам дека ќе бидам најдобриот татко! Сега мачор имам само и тој има посебен дел во моето срце.
Човек сум кој кога ќе стане сабајле ќе пее, ќе се глупира, претежно сум полн со енергија и сите ги смеам, колку и да не ми е денот, јас сум сепак тој кој пак сите ќе ги смее! Криво ми е што времето брзо лета, а јас сакам уште утре да остварам се.
Не може Филипе толку брзо, стрпи се😄😄😄
За крај – можеби не можеме да го смениме светот, но да се потрудиме да бидеме подобри луѓе за наше подобро утре! Учете ги и воспитувајте ги децата и терајте ги сами да заработат нешто за да го ценат тоа повеќе и не им давајте се на тацна. Сакајте се и сакајте ги сите и не се делете по боја, политика, нација.. сите сме исти и еднакви. Верувајте во себе и не се откажувајте, колку и да е тешко. Бајјјј! И да, идете фолоу на инста за да се дружиме повеќе @philippetrovski .
Разговараше: Данче Митева