Како да станеме подобри слушатели и соговорници?

Дали само кимаме со глава или навистина ги слушаме соговорниците?

Добрите вештини за слушање ни помагаат да изградиме цврсти и трајни врски со луѓето. Вистинското слушање сепак подразбира нешто повеќе од само регистрирање на зборовите, тоа би требало да биде обид за разбирање на пораката, на ситуацијата и на она што другите луѓе се обидуваат да ни кажат.

Фото: Christina @ wocintechchat.com

Која е поентата на разговорот ако не се чувствуваме слушнати или разбрани?

  • Она што е навистина важно е да го зголемиме интересот за личноста која ни зборува и тоа што таа/тој ни го зборува. Од се што ќе слушнеме можеме нешто да научиме.
  • Полесно е кога го гледаме соговорникот во очи а не да зјапаме наоколу.
  • Не е пожелно да гледаме во телефонот или комјутерот додека некој ни зборува, освен ако не треба да покажеме или прибележиме нешто.

    Фото: Rahul Chakraborty
  • Пробајте да го сумирате со свои зборови она што сте го слушнале, на тој начин проверувајќи дали точно сте разбрале.
  • Наместо да правите претпоставки за нештата и да мислите дека може да ги прочитате мислите на другите, прашајте за појаснување.
  • Не прекинувајте додека другиот зборува, најважно од се, не избрзувајте со заклучоци и нудење на солуции доколку тоа јасно не биде побарано од вас, бидејќи навистина, понекогаш е потребно само некој да биде сослушан.
  • Ако биде побаран совет од вас, може да споделите она што сте го направиле во истата или слична и што функционирало добро за вас. Може и да дадете свое мислење за она што сметате дека би било корисно, но во секој случај првото има поголема тежина.
  • Доколку сте изморени или сте слушале предолго, или воопшто не ви е денот за разговор, бидете искрени и предложете разговорот да се продолжи во друга прилика. Ова е секако подобро отколку да се преправате дека го слушате соговорникот и да глумите лажно внимание.

    Фото: @LauraChouette
  • За да почнете да го применувате ова, потсетете се на последната ситуација кога сте сакале да бидете сослушани и разбрани, но безуспешно.  Поставете си само едно прашање: Што можел слушателот да направи за да се почувствувате навистина слушнато?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *