Најдобриот начин да уживаш во животот е да го гледаш како пињата, маваш со сета сила, а најслатките нешта паѓаат пред тебе!

Во латино американските држави традицијата на кршење пињата на роденденските забави датира уште многу одамна, но во нашиот регион од последниве години.

 Или ете, само јас касно дознавам.😊

Како и да е случајот, на мое уште поголемо изненадување, запознавав и една креативна девојка која е посветена на развеселување на детските родендени и се занимава со изработка на пињати.

Јасмина, како ти светна оваа идеја во глава?

Се започна многу спонтано. Многу одамна тлееше во мене желбата да имам нешто свое кое ќе е плод на мојата креативност. И се започна со идејата да изработувам букети што се јадат, фуд флористика (од овошје, зеленчук чоколада итн). Во еден момент од постоење на мојата страна на инста и ФБ се јави една клиентка и ми побара да изработам нешто што ќе им е убаво и забавно за роденденот на нејзините деца. Познавајќи ги децата, зашто работам и дополнително со анимација на деца, веднаш ѝ реков дека букетите нема да бидат толку интересни за децата. Тој момент беше пресуден кај мене. Барајќи активност каде што преку игра ќе стигнат до целта, дојдов до идејата за слатките изненадувања за сите деца, и понудив да им направам ПИЊАТА. Кога ѝ објаснив што всушност е пињата со оодушевување таа се согласи.

Колку време веќе се занимаваш со изработка на пињати?

Мојата прва пињата е изработена февруари, 2021ва година. Голем предизвик ми беше. Многу денови, месеци поминав на нет да го усовршам изработувањето, единствен репер ми се мексиканските страни за пињата (тоа нив им е традиција) и се професионалци во истото. Едно можам да кажам во овие неполни 3 години од кога го работам ова, дека желбата и нетрпението да ја видам мојата изработка е исто како и за мојата прва пињата.

Дали се се барани и за некои други пригоди освен за детските родендени?

Пињатите се дел од секоја прослава како забава за сите генерации. Кај нас искрено најголем дел се за роденденски забави. Но има и луѓе кои ги нарачуваат за подароци во пресрет на Новогодишни и Божиќните празници. Но секако дека треба да сме единствени и оригинални при поклонување, така да јас сум на располагање за реализација на секоја желба на моите клиенти.

Кој им е најинтересен момент на клиентите од целиот процес на кршењето на пињатата, дали самото удирање или моментот кога слатките работи почнуваат да паѓаат? 😀

Веќе спомнав дека сум дел од роденденски забави секојдневно како аниматор, а со тоа имам и привилегија да им го познавам пулсот на децата. Моментот кога ќе се спомне кршење пињата е посебна радост која само можете да ја почувствувате и видите во очите на децата. Сите се собираат околу пињатата сакајќи да се први, но златно правило ни е при работењето дека прв почнува и завршува славеникот. Најпрво се подредуваат децата за да се безбедни додека другарчето удира пред нив. Потоа по ред си го предаваат стапчето и секое дете удира на пињатата. Највозбудлив е делот кога славеникот со сета сила и желба сака да ја скрши пињатата. И следниот момент кога веќе е скршена пињата и почнуваат на сите страни да летаат конфети, балончиња и многу слатки изненадувања. А децата долу на земјата се борат кој повеќе да собере. Чувството е неописливо со зборови.

Дали изработката на пињати е ограничена на клиенти од градот Струмица или можат да им бидат испратени и до другите градови од државата?

Нарачките во поголем процент ми се од југоисточна Македонија. Секако дека сум праќала и низ други градови во Македонија но сеуште го имам проблемот со доставата. Поради чувствителноста на пињатата, сепак при несоодветен транспорт може да се оштети истата. До сега не сум праќала по карго од причина што сакам тоа што сум го изработила во рацете на клиентите да стигне неоштетено. Најбитно ми е да се задоволни клиентите. Но, тоа не значи дека не барам сериозни доставувачи секако и решение на проблемот да може безбедно да стигнат моите пињати и да радувам многу деца.

Уште еден преубав аспект е што Јасмина за дел од изработката на пињатите користи рециклирани материјали, што значи нејзините пињати се environmental friendly🌏😊

На здравје креативност! 🥂🎉🎉🎉

 

Подготвила: Данче Митева

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *