Ветриштата
во спротивен правец дуваат
Моите поплави
Тебе те поплавуваат
Границите се затвараат
Можеби
нови патишта
Тебе
ти се отвараат
,,Ние сме само двајца што се караат”
,,Ние сме само двајца што не се забораваат”
Дувнете силни ветришта
Разделете ги двајцата
што само се караат..
.. Војски и армии, направете еден себап
Наредете им да веќе да се заборааваат!
Да не ги лаже ветрот
дека на исто место ќе ги дувне..
Помогнете да се стане од паѓање
да нема враќање
Изречете закон
,,Закон кој нема да се почитува”
Претворете се’
во една завршена епизода
која нема веќе да се емитува…
Нека дојдат
Сите пожарникари
Нека го угасат пламенот
што уште тлее
Нека го спуштат знамето
што над нивната љубов се вее
некс си оди од нивната душа
страшната зима
сонцето нека почне пак за нив да грее..
Ветриштата
во спротивен правец дуваат
Твоите поплави
Мене ме поплавуваат
Сите душмани нека се радуваат
А нашите срца нека тагуваат..
Нека тагуваат
дур нови патишта не се отворат
дур сите виновници не се затворат
Па и тие што мочеа и траеа
па и тие што магии ни правеа..
Дојди
Дојди да ти дадам чевли
Чевли за по новиот пат
Ни ти мене
Ни јас тебе да не те носам на врат…
Ветриштата дуваат
со незнајна брзина
во незнаен првец.
во кој знае каква кривина…
Можам Јас и боса да појдам
Се’ можам
Само не можам
Кај тебе да дојдам
Не можам низ пеколот
Пак и Пак
дури ни со бесмртни крилја
да прелетам и пројдам..,
Ако немам кој
Јас наредувам
На ветрот му се спротиставувам
и сите мисли ги средувам
Повеќе не ме заведуваш
Повеќе не те заведувам…
Дојди
Дојди само за чевлите,
што сакам да ти ги дадам
Чевлите за твојот нов пат
А Ти донеси ми панцир
Панцир кој ќе ме одбрани
од тагата на сите што ќе се радуваат
Донеси ми панцир
за силните ветришта што ќе ме дуваат!
Дијана Крстевска ✍
Прочитај повеќе од истата авторка овде.