Насочувањето на кариерата или одлуката за промена на кариера може да биде една од најважните одлуки кои ќе ги донесеме. Изборот на кариера има големо влијание врз нашата среќа, задоволство и финансиска стабилност. Некои луѓе ја работат истата професија целиот свој работен век, други пак од една или друга причина чувствуваат потреба да направат промена. При избор или промена на кариера, е важно да се разгледаат следните аспекти:
Вашите интереси и пасии:
Изборот на кариера што ви овозможува да работите во област што ве засега интересира и за која имате пасија, може да ви обезбеди задоволство во работата и мотивација да успеете.
Ваши природни таленти и способности:
Размислете за вашите силни страни, вештини и способности. Одберете кариера што ви овозможува да ги искористите во најголема можна мера.
Моментални и идни трендови на пазарот на трудот:
Истражете кои професии се на врвот на популарноста и имаат растечки потреби за работна сила. Изберете кариера што ви овозможува да се вклучите во индустрија со долгорочни можност за напредок.
Финансиски аспекти:
Проучете ги можностите за финансиски напредок во избраната кариера, колку е платена.
Работна култура и баланс помеѓу работа и личен живот:
Истражете ги индустриите каде што сакате да работите и проучете ја нивната работна култура. Можеби би сакале да одберете кариера што ви овозможува добар баланс помеѓу работа и личен живот. Одредени професии подразбираат работа во смени, дежурства, работа за викенд, додека други имаат можност за пофлексибилен распоред дури и за работа од дома.
Образование и обука:
Проучете ги барањата за образование или обука во избраната кариера и размислете за начините за стекнување на неопходните квалификации. Овде се подразбира дека за одредени професии потребно е формално универзитетско образование и стекнување со диплома, додека за некои е доволно квалификациите да бидат стекнати преку соодветен курс. За трети професии пак, доволно е да се помине обука во дадена фирма и да се стекне искуство и владеење на некои одредени вештини што таму се потребни.
Личен развој и напредок:
При изборот на кариера запрашајте се дали овозможува континуиран личен развој и можности за напредување.
Други бенефициите:
Истражете кои други бенефиции во работата ќе ги имате како дел од вашата кариера.
Секој човек е различен, па затоа важно е да се разгледа секој од овие аспекти во контекст на сопствените потреби, цели и желби. Не заборавајте да се консултирате со луѓе кои веќе имаат искуство во областа за која сте заинтересирани или професии во коишто размислувате да се вклучите.