
Телевизиските куќи и продукции периодов вртат безброј филмови на тема Божиќ, Нова година, љубов, простувања, нови почетоци…Колку и да сме свесни дека дел од тие приказни може да се случат само на филм, сепак , некако, убаво ни е кога си ги гледаме, па и со право Netflix ги става во feel good категорија 😎
Па така, деновиве, препорака за интересен и лесен филм добивме за Holidate. Филмот ја следи приказната на двајца млади кои решаваат да се гледаат само за празниците кои треба да ги поминат во кругот на семејството, односно да глумат дечко и девојка. Погодете зошто? 😊 За да ги избегнат коментарите од типот ”Еј, абе уште си сам/а?” 😊 Не им било лесно сигурно 🤣
Филмот дефинитивно ќе ве насмее, можеби дури ќе ве натера да помислите деке можеби би било добра идеја да најдете и вие таков „божемски партнер“ со надеж дека на крај ќе станете вистински спој .😁😁Не, не 😊, ова беше мала шега. Но шегата на страна, од филмските екрани се префрламе на реалниот живот, зарем е толкав грев да си сингл?
Колкумина има во врски во кои нема љубов, ниту заеднички интереси , туку врските се одржуваат едноставно поради верувањето дека е подобро да си со некој отколку сам. Во некои моменти како општеството автоматски да им препишува помала вредност на самците, па скоро сите прибегнуваат кон варијантата подобро нешто отколку ништо.
Во секој случај, не е подобрата варијанта. Не е подобро. Ако сте меѓу оние што уште се во потрага по својата друга половина, без грижи, не си правете дополнителен притисок за мислењето на околината.
Доколку сте веќе „усреќени“ можеби добро би било ако ги прескокнете коментарите од типот „Кога ќе те жениме/мажиме? “ и „Како тоа, па зошто си сам/а, што ти фали? Што убав дечко/девојка си. “
Дури би предложиле, кога веќе сме кај прославите, кога каните „плус еден“ на забава или семејна прослава, би можело да напоменете дека тој „плус еден “ може да биде и другарка/другар, братучед/ка а не задолжително љубовен партнер. Верувајте, поканетиот ќе дише многу полесно, нема да се чувствува ограничен и помали се шансите да ја избегне поканата заради тоа.
Филмот е прекомичен, но дури и како таков сепак води до вакви сериозни теми😉