Место антидепресиви, качувајте се на планини😊Еве кои се медицинските придобивки кои ги уживаат планинарите 😊

Планината поседува неверојатна моќ за препородување на секој нејзин намерник. Чистиот воздух и преубавите глетки се потребната енергетска доза да се извојуваат новите урбани битки.

Научно и медицински е докажано дека планинарењeто има многу бенефиции по нашето физичко а и ментално здравје.

Фото: @jordanpulmano

Еве неколку:

Одењето по планините е еден од најлесните и најефтини начини за вежбање, а е и ефикасен начин за справување со тежината. Редовното одење ќе ги подобри перформансите на срцето, белите дробови и циркулацијата, а ќе помогне и при регулирање на понискиот крвен притисок.

Редовното одење се покажало дека го намалува ризикот од хронични заболувања, како што се срцеви заболувања, дијабетес тип 2, астма, мозочен удар и некои видови на рак.

Искачувањето по угорнини активира многу мускулни групи, како во горниот, така и во долниот дел на телото. Мускулите на грбот, стомакот и нозете се вежбаат исто како и прстите, рамениците и рацете.

Редовното одење во планина може да ја подобри издржливоста како и мускулната сила. Покрај тоа, ја подобрува и флексибилноста и агилноста. Искачувањето на отворено, движењето кон целта, исто така е добра аеробна вежба.

Фото: @edoardobusti

Качувањето бара ментална концентрација и фокусирање, а тоа ни помага да го избистриме мозокот. Денот одреден да се помине во планина ни помага да избегаме од секојдневните грижи и да се фокусираме само на стигнувањето до целта. А самото стигнување до целта ни предизвикува чувство на достигнување успех.

Планинарењето  може да биде помоќно отколку што во прв момент сфаќаме. Прирoдата ни помага да се справиме со стресот, го “лекува” нашиот мозок, ни помага да се концентрираме, нè прави покреативни и може да помогне во ублажувањето на депресијата.

Времето поминато искачувајќи планини нуди богатство од здравствени бенефиции кои не се само физички. Ја подобрува самодовербата, менталната агилност и самосвеста.

Освен тоа, има и други многу важни бенефиции од допирот на природата. Потребата за почитување и зачувување на природната средина за никого не е поочигледна отколку за оние кои ја посетуваат, истражуваат и уживаат во нејзините пејзажи.

Фото: @ScottGoodwill

Планинарењето е и друштвена активност. Многу истражувања покажуваат дека добар дел од луѓето планинарат токму поради социјалниот аспект. Многу раскажани приказни од членовите на планинарските клубови сведочат дека токму таму се развиваат силни и искрени пријателства поради нивото на вклучена доверба и преку споделување на предизвици и искуства.

Фото: @felixrstg

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *