Поетот наместо со очите секогаш гледа со срцето.-Викторија Стојовска, поетеса

Драги Инспиратиффци, овој пат ве честиме со доза проза и убави зборови од младата поетеса Викторија Стојовска која доаѓа од Кичево, во моментов студира во Битола, има 20 години, а твори и под псевдонимот Девојката од Пергамент.

Иако многу млада, зад себе има голем опус на литературно творештво, учества на повеќе литературни манифестации и освоени награди. 

За нејзината љубов кон пишувањето вели:

Мојата пасија за пишување се роди уште во основно училиште. Јас и пенкалото сме другари уште од кога знам за себе, но, прв пат кога беше забележана мојата дарба за творење беше во основно училиште од мојата наставничка по македонски јазик, потоа во прва година средно конкурирав за поезија, со тоа и започнав да ги споделувам своите дела надвор од мојата тетратка. Понекогаш објавувам по некоја творба на мојата фејсбук и инстаграм страна исто така и на блогот.

Се надевам дека младите ќе се пронаоѓаат во некои од моите текстови и верувам дека би се поврзале емотивно, бидејќи поетот наместо со очите секогаш гледа со срцето.

Викторија има учествувано на повеќе литературни конкурси и поетски манифестации

Таа исто така има освоено и повеќе награди со нејзините дела  

 
 

Дали има некоја награда која ти е особено значајна?

 

ВЕТРОВИ

Запамти ме, памти ме по спомените, памти ме по насмевката, памти ме по ситници,

памти ме по нештата по кои се паметат оние што знаеле да љубат најсилно, со нежен допир кои го разбранува срцето и ја милува душата.

Памти ме по парфемот во кој се опиваше во ноќите кога најмалку љубов ти недостигаше.

Јас ќе те паметам по лажните ветувања, ќе те паметам по отворените рани за чие постоење сама сум виновна.

Јас сум виновна што во твоите зборови никогаш не научив да препознаам што е лага, а што вистина. Беа тоа слатки зборови иако понекогаш беа со груб тон кажани.

На твојата љубов потфрлив, иако никогаш не верував во слатки луѓе,

тие кога еднаш ќе ти влезат во срцето, претешко е да ги извадиш.

Не ми е жал што влезе во мојот живот, бидејќи без обзир на се, ти ми ја даде можноста да почувствувам љубов која кога ќе ги затвориш очите те подигнува до небото, а кога ќе ги отвориш те дрецка силно на земја.

Ти во мојот живот беше ветер, а ветерот неможе да се запре, затоа те пуштив. Ти дадов слобода и те оставив да заминеш…

Затоа што те сакав. Знаев дека мораш да заминеш, но за мене засекогаш ќе останеш посебен ветер.

Секогаш кога ветерот ќе задува, на мене сети се, моето срце тогаш ќе почувствува хаос, топлина и љубов, а јас ќе и дозволам на љубовта да се разнесе насакаде, да патува низ воздухот. 

Ќе ги оставам силните ветерови со своето веење да ја раскажуваат приказната за двајца што премногу се сакале, но не успеале.

Барем толку можам.

Толку ти должам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *