СТУДЕНИ МЕЧТИ- Викторија Стојовска

СТУДЕНИ МЕЧТИ

Старо место, ново време, таа немирна и желна, неуморна, необична, седеше заробена во тишина.

Знаеше дека тишината не води никаде, ама неа таму најмногу и годеше.

Таму самуваше.

Таму сонуваше. Таму мечтаеше.

Таму се разочаруваше, Таму се распарчуваше, Таму и се сплотуваше.

Во тишината парчиња од себе садеше, во тишината студенилото вените и ги замрзнуваше, кожата и ја растреперуваше, телото и го наежуваше и константно ја кршеше.

А таа остануваше.

Дишеше и не се предаваше, се бореше таква замаена и студена, се обидуваше да се затопли трудејќи ги скршените парчиња, не сакаше да остане така ладна и распарчена.

 

✍️ВИКТОРИЈА СТОЈОВСКА

 

Повеќе од истата авторка ОВДЕ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *