Categories
Интервјуа Кариера Магазин

Спој на претприемништвото и науката, успешна приказна на Љупче Димитров

Денешен соговорник ни е младиот и успешен Љупче Димитров. Љупче потекнува од Струмичкиот регион, а своето образование го продолжува во Република Бугарија, каде се надоградува и бележи многу успеси уште на самиот почеток на својата кариера.

Categories
Интервјуа Кариера Магазин

Со љубов за најмалите и најмилите-едукативни играчки Go Kiddoo!

Секое дете во себе носи огромен потенцијал, наша задача е да создадеме околина во која тој ќе се развива и ќе го достигне својот максимум. Развојот на децата во голема мера зависи од интеракцијата на природата односно генетиката и грижата која им е пружена, стимулацијата, опкружувањето и учењето. На оваа тема разговараме со Александра Младеновска, храбра и борбена мајка, чија инспиративна приказна ќе не наоружи со многу оптимизам и надеж. Токму Александра стои позади линијата на рачно изработени едукативни играчки за детскиот развој, индивудуално прилагодени за потребите на секое детеGo Kiddoo.

Categories
Интервјуа Кариера Магазин

Успешна жена во „машки свет”

Во месецот кога најмногу се зборува за родовата еднаквост и можностите на жената да биде се што ќе посака, разговараме со Силви Пецаковска, жена која долги години успешно опстојува во таканаречените машки бизниси. Силви е вљубеник во уметноста, половина од својот живот го поминува во САД, а другата половина овде. За Магазин Инспиратифф таа ја раскажува својата приказна, почнувајќи од детсвото и првите зачетоци на љубовта кон уметноста, цртањето, графитирањето, се до работењето со камен и тетовирањето. За предизвиците и тешкотиите со кои се соочувала на тој пат, но и истрајноста и желбата да биде пример за своите керќи, самата покажувајќи им дека да се биде жена не значи дека не може да го работат тоа што ќе го посакаат. Прочитајте повеќе…

Categories
Интервјуа Магазин Разговори за мода и убавина

Девојката со златни раце Јасмина Смилевска Зеќовиќ

Потрагата по креативци не доведе до Јасмина Смилевска Зеќовиќ, девојката со златни раце. Разгледувајќи ја нејзината ризница од преубави изработки, човек останува занемен. Ретки се оние што го заслужуваат епитетот девојка со златни раце , но Јасмина дефинитивно е една од нив.

Categories
Интервјуа Магазин

Мајчинството-поттик за креативно исполнување и скок во претприемачките води-Интервју со Лорета Ефтимова Илиќ

Драги наши,

Денеска ви ја претставуваме Лорета Ефтимова Илиќ, економист по професија, која моментално работи како комерцијалист, но мајчинството и беше поттик полека да заплови во водите на претприемаштвото. Имено, од пред неполни две години, таа добар дел од своето време посветува на изработка на декорации за семејни прослави и бизнис настани.

Categories
Интервјуа Магазин

,,Илјадници свеќи можат да бидат запалени само од една свеќа, а животот на таа свеќа нема да биде скратен.”-Интервју со Фросина Андонова,Феникс Лајт

”Во услови кога светот се врти наопаку, во моменти кога треба да останеме дома, дозволете си вашите моменти да бидат разубавени со пријатните ароми и уникатниот изглед на рачно изработените свеќи, збогатени со природни ароми и бои. ”

Вака, Fenix Lights, ја најавија својата прва колекција на рачно изработени декоративни свеќи.

Личноста која стои зад оваа идеја е неверојатно креативната професорка по англиски јазик Фросина Андонова, која својата креативност ја канализира и кон оваа работа исто така.